Око
From Wikipedia, the free encyclopedia
Око — името на органот за вид на повеќеклеточните животни. Еволутивно, првите „очи“ претставуваат во суштина молекулска агрегација на фоторецепторите во едноклеточните организми. Со усложнување на градбата на организмите, фоторецепторите се преместуваат на одредено и константно место во организмот, градејќи ги првите сетилни органи за вид. Кај примитивните животни, очите се клучни за брзи реакции во движењата, грабливоста или бегањето. Кај посложените животни, сетилото за вид е само едно од примачите на информации од надворешноста и овие информации се интегрираат во мозокот.