From Wikipedia, the free encyclopedia
Палатализацијата, (омекнување, палатизација) е јазичен поим со кој се опфаќаат два различни процеси кога еден глас, најчесто согласка, се изговара така што јазикот е во близина на непцето.
Палатализација | |
---|---|
◌ʲ | |
МФА-бр. | 421 |
Шифрирање | |
Единица (дек.) | ʲ |
Уникод (хекс.) | U+02B2 |
Во фонетиката, „палатизирана согласка“ е согласка која се изговата со палатална (непчена) споредна творба. Ова значи дека согласката е проследена од еден призвук кој е сличен на гласот /j/. Ова е видливо, на пример, во полскиот збор „kiedy“, каде буквата „к“ е проследена од гласот „ј“. Во македонскиот оваа палатизација може да се сретне кај странски зборови, како на пример во името „Кјото“.
Другиот начин на палатизација е од интерес за историската лингвистика и често се нарекува гласовна промена. При овој вид на палатизација, местото на создавање на согласките се поместува или придвижува кон непцето, т.е. палатално. Оваа промена е како резултат на присуството на гласот /j/ или самогласка по согласката. Такви се буквите „ќ“ или „ѓ“ во македонскиот.
Палатизацијата од двата вида е распространета низ јазиците во светот, но изразувањето и терминологијата на истата е различа. Така на пример, во словенските јазици, гласовите од палатизацијата од првиот вид се нарекуваат „меки согласки“, а гласовите од палатизацијата од вториот вид се нарекуваат „тврди согласки“.
Поретко се сретнува и поимот „палатизирана самогласка“, поим кој се користи да се означи самогласка која станала предна и затворена.
Теоретски, палатизацијата означува:
Првото може да е резултат на второто, но често тие се различни. Една самогласка може да „палатизира“ согласка, но резултатот може да не е палатизирана согласка во фонетска смисла. Фонетски палатизирана согласка може да се појави без разлика на близината на предната самогласка.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.