From Wikipedia, the free encyclopedia
Пајонија — древно кралство и област која се наоѓала на територијата на денешна источна Македонија. Се протегала источно од Велес, преку целата долина на реката Брегалница преку Овчеполието и Штип до Кочани и западните и северните падини на Плачковица и Осоговските Планини и потоа продолжувала сè до долината на реката Струма. Најбројно население биле стариот народ — Пајонци. За време на владеењето на македонскиот крал Филип II Македонски Пајонија била освоена и станала составен дел на Македонското кралство.
Скорешни археолошки истражувања ја востановиле положбата на најзначајниот пајонски град Билазора, во наоѓалиштето Градиште кај селото Кнежје во близина на Свети Николе каде се откриени влезната порта и дел од бедемот на акрополата на античка Билазора.
Низ историјата следните племиња биле споменати како пајонски:
Денес во науката се познати следните пајонски кралеви и членови на пајонската династија:
За првпат овој народ се споменува во делото „Илијада“ на слепиот поет Хомер, каде што тој ги претставил како сојузници на Тројанците. Тој опеал дека овој народ живеел на територијата околу реката Аксиј (Вардар), речиси територијата на денешна Република Македонија, претежно источните делови. Во Пајонија влегувале Источна Македонија, реката Брегалница до Кочани, реката Струма, делови од Бугарија и Јужна Србија. Тие биле поделени на повеќе племиња: Лајаи, Агријани, Астрои и Иори.
Во VI век п.н.е Пајонија била воено моќна и ги напаѓала тракискиот брег и Пропонтида. Во тој период Пајонија имала голема територија, од југот на Србија до Егејско Море и од Пирин до Пелагонија. Но, по појавата на македонските кралеви моќта на Пајонија опаднала, таа го изгубила Солунско Поле и излегувањето на Егејско Море, како и денешна Западна Македонија. Војувале и со Персија, која по победата ги преселила Сиропајонците, Пајоплите и племињата околу Прасијадското Езеро на Мала Азија. Во времето на македонскиот крал Александар I (498-454 г. п.н.е) Пајонија ги изгубила градовите Мигдонија, Крестонија и Амфакситида, како и областите околу Пангеј (Кушница). Агис (? – 359/8 г. п.н.е) бил првиот пајонски владетел чие постоење е потврдено со историските извори. По неговата смрт во 359 г. п.н.е Филип II ја покорил Пајонија и наметнал вазални односи. И покрај формалната зависност на Пајонија од Македонија, на власт останала истата кралска куќа на чие чело стоел синот на Агис, Ликеј (о. 356-о. 340 г. п.н.е). Покрај историските податоци и епиграфски споменици, за Ликеј говорат и парите што биле емитувани во негово име. Син и наследник на Ликеј бил Патрај (340/335-315 г. п. н.е.), кој пак бил наследен од Авдолеон (315-286/5 г. п.н.е.). Авдолеон највеќе придонел пајонското кралство да се доближи до развиениот хеленски свет и културата на државите на Александровите дијадоси. Во 289 год п.н.е. тој ја снабдувал Атина со жито бидејќи Антигон Гонат го зазел нејзиното главно пристаниште, Пиреј. Легитимен наследник на Авдолеон бил Аристон (286-85 г. п.н.е.), но тој бил нападнат од Лизимах и побегнал во Дарданија.
По наездата на Келтите во почетокот на 3 век п.н.е. на пајонскиот престол дошол Леон (278-250 г. п.н.е.), веројатно вториот син на Авдолеон, кој пак бил наследен од синот Дропион (250 - 223 г. п.н.е.). Дропион е последниот пајонски крал, а воедно и основачот на пајонскиот којнон (сојуз). По неговата смрт просторот на Пајонија го презела Античка Македонија, под водство на кралот Филип V (221–179 п.н.е), а северниот дел и припаднал на Дарданија. Под водство на синот на Филип V, Персеј (179–168 п.н.е.) Македонија се соочила со експанзионизмот на Римската република. Ова резултирало со пораз на Македонија и распад на Македонското кралство, кое во 148 п.н.е. потпаднало под директна римска власт.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.