Плод
From Wikipedia, the free encyclopedia
Плод (лат. fructus) е репродуктивниот орган кај растенијата кој после оплодувањето се образува од плодникот. Се смета за преобразен плодник кој во внатрешноста го затвора семето (плодот е присутен само кај скриеносемениците). После оплодувањето доаѓа до промена во ѕидот на плодникот - тој израснува и го образува ѕидот на плодот, перикарп (оплодница). Тоа е засебна расплодна целина, која настанува од оплодувањето, односно плодните листови, (перикарпата). Во него се наоѓаат една или повеќе семенки. Настанува после оплодувањето на цветот, а покра плодниците, во составот на плодот се влучуваат и некои други делови од цветот, како чашката и цветиштето. Во оплодувањето на цветот настануваат онолку плодови колкушто имало плодници.
Делови од перикарпот се:
- Егзокарп (надворешна обвивка)
- Ендокарп (внатрешна обвивка)
- мезокарп (кој се наоѓа помеѓу нив)
Пошто плодникот настанува од листовите, под микроскопот лесно се воочува дека егзокарпот потекнува од епидермисот, ендокарп од лицето на епидермисот, а мезокарп од мезофилните листови.
Во вообичаената јазична употреба, „плод“ често се поестуветува со овошјето и се однесува свежите семенки на структурите на растенијата кои можат да бидат слатки или кисели, и кои можат да се јадат во првобитната состојба, како што се јаболката, бананите, грозјето, лимунот, портокали, и јагоди. Од другата стана, во ботаничката употреба, „плод“ обфаќа многу структури кои вообичаено не се нарекуваат овошје, како што се зрна грав, семенките пченка, домат, и зрна пченица.