Полимеризација
From Wikipedia, the free encyclopedia
Полимеризација — процес во кој доаѓа до сврзување на поголем број помали молекули (мономери), при што се образуваат големи молекули (полимери), без да се добиваат други производи.
Реакцијата може да се одвива со прости меѓусебни поврзувања, адиција на исти молекули или различни молекули или со кондензација т.е. со одземање на вода, амонијак или други едноставни соединенија. Полимерот има ист хемиски состав како и молекулата од која тој е настанат, но единствената разлика е во тоа што тој има поголема молекулска маса. Оваа реакција е од големо значење во органската хемија и на неа е заснована индустријата за производство на пластични маси.
Супстанцата што стапува во реакција на полимеризација т.е. чиишто молекули се сврзуваат сами меѓу себе се вика мономер (μόνο – еден, μέρος – дел), а производот на полимеризација се вика полимер (πολύ- многу). Постојат итн. ко-полимери, кои се добиваат со полимеризација на два различни мономера. Покрај тоа, при некои полимеризации, можно е од мономерите, при образувањето на полимерот, да се издвојат мали молекули. Ваквата реакција се вика поликондензација. Постојат различни видови полимеризации во зависност од тоа кои честички учествуваат во процесот на полимеризација. Така на пример постои катјонска, анјонска и радикалска полимеризација. Полимерите се супстанци изградени од молекули со многу големи релативни молекулски маси, во чиј состав влегуваат по меколку илјади идентични структурни единицитн. мономерни единици, кои во структурата наизменично е повторуваат. Затоа, за полимерите се користи и терминот макромолекули.
Постојат природни и синтетички полимери, но бројот на синтетички полимери е многу поголем. Синтетичките полимери се добиваат при посебни услови како, на пример, висока температура, присуство на катализатор итн.
Полимерите (било природните било синтетичките) имаат сосема различни својства од мономерите од кои се добиваат. Со регулирање на условите на полимеризација (температура, притисок и др.) може да се добијат полимери со точно определени својства. Полимерните материјали, кои уште се викаат и пластични маси, можат лесно да се обликуваати од нив да се прават предмети со различна форма, во различна големина и боја. Тие се отпорни на вода, атмосферски влијанија, на корозија, на голем број хемикалии, а некој од нив издржуваат големи температури. Сепак, секој полимер има свои специфични својства, па затоа тие имаат големо техничко-технолошко значење. Во последниве неколку години се добиени дури полимери што спроведуваат електрична струја.