From Wikipedia, the free encyclopedia
Порака во шише е романтичен американски драма филм режиран од Луис Мандоки.Врз основа на романот со истото име од Николас Спаркс, во филмот играат Кевин Костнер, Робин Врајт Пен и Пол Њуман. Порака во шише е сниман во Мејн,Чикаго и Вилмингтон, Северна Каролина во САД.
Тереза Озборн работи во весникот “Чикаго Трибјун“ (Chicago Tribune) како истражувач (таа е поранешен репортер). На едно патување во Кејп Код, таа пронаоѓа мистериозно,интригантно љубовно писмо во песокот, адресирано од Гарет до Кетрин.Таа е фасцинирана од него и пронаоѓа уште две писма од истата личност, за накрај да го пронајде човекот кој ги пишува, Гарет Блејк. Тој заедно со неговата жена пред таа да умре обновиле брод кој се вика Случајност и тој сега мирно живее во поодалечен блок во Северна Каролина со неговиот татко, Доџ.
Тереза и Гарет подобро се запознаваат, но таа не му открива дека знае за љубовните писма. Заедно со буквалната далечина помеѓу нив - тие живеат на оддалеченост од стотици километри- постои друг проблем : Гарет не може целосно да и прости на Кетрин што умрела и го оставила.
Кариерата на Тереза значително напреднува откако на печатено ќе ја раскаже романтичната приказна „порака во шише“, без да употреби имиња. Гарет патува во Чикаго да ја посети Тереза и нејзиниот син. Нивната нова љубов расте, сè додека еден ден Гарет не ги пронајде неговите писма во фиока во станот на Тереза. Налутен и бесен Гарет си оди дома сам.
Една година подоцна Доџ ја пронаоѓа Тереза. Тој ја известува дека неговиот син Гарет умрел на море во бура додека се обидувал да спаси некој друг. Шише со порака во него било пронајдено на неговиот брод. Тереза сфаќа дека писмото е напишано ноќта пред последното пловење на Гарет. Во него, тој и се извинува на Кетрин и вели дека во Тереза тој пронашол нова љубов и мора да се бори за неа.
Продуцентите првобитно планирале да снимаат на Островот Тангиер, Вирџинија, САД, но неколку членови од советот на градот се противеле поради пиењето, пцуењето и сексот во филмот и барале промени во сценариото за да дадат дозвола за снимање.Потоа Варнер Брос се обиделе со Martha's Vineyard во близина на Чилмарк,Масачусетс, САД, но Chilmark Conservation Commission побарале да се изгради привремена куќа од 280 м2, куќа на колци во песочниот нанос во близина на Пристаништето Чилмарк.
Иако од “Чикаго Трибјун“ дале дозвова за користење на нивното име и слика, вистинската канцеларија на весникот каде работи Тереза, според официјалното мрежно место на филмот, е изградена во склад во Лос Анџелес.
Ротен Томатос му даде на филмот просек од 31% врз основа на 35 прегледи.
Порака во шише беше број 1 викендот на Свети Валентин 1999 година.
Ирската музичка група Кланад за филмот ја напиша песната "What Will I Do"(Што ќе правам јас). Пејачот Ричард Маркс исто така ја компонирал песната "One More Time" (Уште еднаш), испеана од Лора Паусини, која свири за време на одобрувањето.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.