Влае
Населба во Општина Карпош / From Wikipedia, the free encyclopedia
Влае — урбанизирана населба, составена од две поднаселби означени како Влае I и Влае II. Влае е во состав на Општина Карпош, Скопје. Населбата Влае се наоѓа во западниот дел на Скопје, меѓу населбите Ѓорче Петров (на запад), Злокуќани (на север), Хром (на југ) и Карпош IV (на исток). Наслебата лежи од левата страна на реката Вардар. Низ Влае поминува прометниот булевар „Партизански одреди“, што ја прави населбата минувалиште за речиси сите што патуваат од Скопје кон Тетово.