Прва дивизија на фудбалската лига на Англија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Првата дивизија на фудбалската лига на Англија била највисоката лига во англискиот клупски фудбал од 1888 до 1992 година и втора лига по ранг од 1993 до 2004 година. Последниот пат кога лигата бил играна како највисоко ниво, титулата ја освоила екипата на Лидс Јунајтед во сезоната 1991-1992.
Оваа статија се однесува на/за старата Прва дивизија на фудбалската лига на Англија. За за сегашното име, погл. Фудбалска лига Чемпионшип.
Со воведувањето на Премиер лигата во англискиот фудбал во сезоната 1992-1993, Првата дивизија продолжила да постои како втора лига по ранг на англиската фудбалска пирамидата. Во 2004 година кога фудбалската лига била ребрендирана, Првата дивизија била преименувана во Чемпионшип лига, и под ова име и денес е познато второ ниво во англискиот фудбал.