![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/c/ca/Rosetta_Stone_BW.jpeg/640px-Rosetta_Stone_BW.jpeg&w=640&q=50)
Преведување
From Wikipedia, the free encyclopedia
Преведување — толкување на значењето на текстот и на следниот резултат на еквивалентниот текст и ја пренесува истата порака на друг јазик. Текстот кој се преведува се нарекува „изворен текст“ и јазикот на кој се преведува се нарекува „целен јазик“; крајниот резултат понекогаш се нарекува „целен текст“.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/c/ca/Rosetta_Stone_BW.jpeg/640px-Rosetta_Stone_BW.jpeg)
Во преведувањето мора да се земат предвид нелогичностите вклучени во содржината, граматички правила на двата јазика, нивните обичаи на пишување, и нивните идиоми. Вообичаено недоразбирање е дека постои едноставно поклопување од збор до збор помеѓу двата јазика и дека тоа преведување е едноставен механички процес, таков буквален превод сепак не може да ги земе предвид содржината, граматиката, нелогичностите и идиомите.
Преведувањето е проследено со можноста за „проширување“ на идиомите и употребите на еден јазик во друг откога двата јазика коегзистираат во умот на преведувачот. Такво проширување лесно создава јазичарички комбинации како на пример: „франглез“ (комбинација од француски и англиски), „шпанглез“ (шпански и англиски), „поглез “(полски и англиски) и „портуњол“ (португалски и шпански).
Од друга страна, меѓујазичните слевања, исто така, служат за корисна намена на префрлање на преведуванки и заемки од „изворен“ во „целен јазик“, на што претходно му недостасувал концепт или нелогично искажување. Преведувачите, толкувачите, професионалци како и аматери, на тој начин имаат важна улога во развојот на јазиците и културите.
Уметноста на преведувањето е стара колку и пишаната литература. Делови од сумерскиот Еп за Гилгамеш, еден од најстарите познати книжевни дела, бил преведен на неколку азиски јазици во II милениум п.н.е. Епот веројатно бил читан и од раните автори на Библијата и Илијадата, на нивен мајчин јазик.
Со појавата на сметачите биле направени обиди да се автоматизира преведувањето на текстовите на природен јазик (машинско преведување) или да се користат сметачите како помагало при преведувањето (сметачки-потпомогнато преведување).