![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/c/c3/Emblem_of_the_Prime_Minister_of_Japan.svg/langmk-640px-Emblem_of_the_Prime_Minister_of_Japan.svg.png&w=640&q=50)
Премиер на Јапонија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Премиерот на Јапонија (јап. 内閣総理大臣, трскр. најкаку-сори-дајџин) е шеф на владата на Јапонија. На функцијата го изгласува Собранието на Јапонија, избирајќи од своите пратениците, а на функцијата го назначува царот. За да остане на функцијата треба да ја ужива довербата на Претставничкиот дом. Премиерот е шеф на кабинетот и ги назначува или разрешува министрите. Буквален превод на јапонскиот назив на функцијата е Министер за сеопфатна управа со кабинетот или Министер што претседава со кабинетот.
Кратки факти Премиер на Јапонија, Звање ...
Премиер на Јапонија | |
---|---|
![]() Службен амблем на премиерот | |
Звање | Неговата Екселенција |
Седиште | Кантеј |
Назначувач | Царот |
Мандат | Највеќе 4 години (без ограничување на бројот на последователни мандати) |
Прв функционер | Ито Хиробуми |
Создадена | 22 декември 1885 |
Мреж. место | www.kantei.go.jp |
Затвори
Функцијата е создадена во 1885, четири години пред донесувањето на уставот на Јапонското царство. Денешниот облик на функцијата се должи на уставот од 1947.