Премиер на Русија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Премиер на Русија (рус. Председатель Правительства) е моменталниот шеф на владата на Руската Федерација. Извршната власт е поделена помеѓу премиерот и претседателот, кој е шеф на државата.
Во царска Русија претседателот на министерскиот совет, познат како премиер-министер, бил назначуван од царот (императорот); неговиот претходник, претседателот на Министерскиот комитет, немал засебна власт.
За време на СССР, шеф на влада бил претседателот на Советот на народните комесари (до 1946) и претседателот на Советот на народните комесари (по 1946). Оние кои ја вршеле таа функција понекогаш се нарекуваат премиери.
Денес премиерот е назначен од претседателот на државата и истиот е негов наследник во случај на смрт или оставка.