Претседателски избори во САД во 1816 година — 8. по ред претседателски избори во Соединетите Американски Држави. Се одржале на 1 ноември и траеле до 4 декември 1816 година. Се случиле на крајот на вториот мандат на демократско-републиканскиот претседател Џејмс Медисон. Федералистичката партија била пред колапс, па затоа државниот секретар во администрацијата на Медисон, Џејмс Монро, имал голема предност пред доста слабата опозиција. Монро победил убедилво на гласањето на изборниот колегиум каде што освоил 183 изборни гласови наспроти 34.
Кратки факти Сите 217 изборни гласови во Изборниот колегиум 109 изборни гласови гласови за победа, Кандидат ...
Претседателски избори во САД, 1816
|
1812 ←
|
1 ноември - 4 декември 1816 |
→ 1820
|
|
|
|
Мапа на изборните резултати. Зелената боја ги означува сојузните држави каде што победил Монро, додека портокаловата боја ги означува сојузните држави каде што победил Кинг. Бројките го означуваат бројот на распределени изборни гласови по сојузна држава. |
|
Затвори
Претходните четири години во американската политика биле доминирани од страна на ефектите од Англо-американската војна. И покрај тоа што војната не завршила со победа, мирот постигнат во 1815 бил задоволителен за американскиот народ, а демократските-републиканци ја добиле заслугата за завршувањето на војната. Федералистите биле дискредитирани поради нивното спротивставување на војната како и сецесионистичка реторика од Нова Англија отелотворени од страна на Хартфордската конвенција од 1814-1815. Претседателот Медисон успеал да преземе некои мерки кои биле поздравени од страна на федералистите, како на пример воведувањето на национална банка како и протекционистички тарифи. Ова им овозможило мал простор за маневрирање на федералистите, па затоа изборите резултирале во убедлива победа на демократските републиканци.