Префектури во Јапонија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Префектурите на Јапонија се најкрупни административни единици во земјата. Постојат 47 префектури: една „метропола“ (都 то) - Токио; една територија (道 до) - Хокаидо; две градски префектури (府 фу) - Осака и Кјото; и уште 43 префектури (県 кен). Овој систем на административна поделба е воведен во 1871 г., за време на Мејџиевата обнова.
На чело на секоја префектура стои непосредно избран управник (知事 чиџи). Уредбите и буџетите ги носи еднодомно собрание (議会, гикај) чии членови се гласаат на мандат од четири години.
Согласно тековниот закон за локална самоуправа, секоја префектура се дели на градови (市 ши) и окрузи (郡 гун). Секој округ понатаму се дели на гратчиња (町 чо или мачи) и села (村 сон или мура). На пример, Хокаидо има 14 потпрефектури кои имаат улога на подружници (支庁 шичо) на префектурната управа. Главниот град Токио е „град-префектура“ со надлежности на двата вида на единици.