Придавки во македонскиот јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Придавките се менлива зборовна група која именуваат некаква одлика на предметите, суштествата и појавите. Одликите секогаш им се препишуваат на предметите како нивни признак , тие се во тесна врска со именките и ретко се користат самостојно. Поради тесната поврзаност со именката, придавката мора да ги има истите граматички бележја како и именката до која стои. Од ова правило за усогласување на граматичките бележја отстапуваат некои странски придавки како што се екстра, мини, пембе и сл.
- пр: добар, добра, добро, добри.
Според значењето придавките се делат на четири основни подгрупи: описни или квалитативни, односни или релативни, бројни и заменски. Описните придавки означуваат такви особини на предметите што произлегуваат од самите нив, што се нивно својство.
- пр: голем, мал, бел, зелен, сладок итн.
Со односните придавки се означува признак на предметот што не произлегува од самиот него, туку од односот со некој друг предмет.
- пр: мајкин син, градска библиотека итн.
Бројните придавките се изведени од броеви и такви се на пример придавките петти, стоти и слично. Заменските придавки се однесуваат, се поврзани или се произлезени од заменки и како пример за заменки придавки се мој, твој, никаков, колкав и слично.