From Wikipedia, the free encyclopedia
Примож Трубар (1508[nb 1] – 28 јуни 1586 )[1] ― словенечки протестантски реформатор на лутеранската традиција, најмногу познат како авторот на првата печатена книга на словенечки јазик,[2] основачот на првата протестантска црква на Војводството Крањска, и за зацврстување на словенечкиот јазик. Труба ја водел Реформацијата во Словенија, што дошло до вршење на Контрареформацијата од страна на Хабсбурговците, при што мала протестантска заедница преживеала. Трубар е клучна фигура во словенечката историја и во многу аспекти е голема историска личност.[1][3]
Примож Трубар | |
---|---|
Primož Trubar | |
Примож Трубар, дрворез од Јоахим Ледерлајн, 1578 година | |
Роден(а) | 8 јуни 1508[nb 1] Рашица, Војводство Крањска, (денес Словенија) |
Починал(а) | 28 јуни 1586 78) Дерендинген, Војводство Виртемберг (денес Германија) | (возр.
Занимање | Простестанти реформатор |
Движење | Лутеранство |
Трубар е роден во селото Рашица[4] (денес во Општина Велике Лашче) во Војводството Крањска, тогаш под Хабсбурговците. Во периодот 1521-1522 година, тој бил ученик во Риека,[4] во 1522–1524 година го продолжил своето образование во Салцбург. Оттаму заминал во Трст под туторство на римокатоличкиот епископ Пјетро Бономо, каде што стапил во допир со ренесансно хуманистичките писатели, особено Еразмо Ротердамски.[5] Во 1527 година, епископот Пјетро Бономо му доделил на Трубар свештеничка положба во Лока кај Зиданем Мосту.[5] Во 1528 година се запишал на Универзитетот во Виена, но не ги завршил студиите. Во 1530 година се вратил во словенечките земји и станал проповедник во Љубљана, каде што живеел до 1565 година. Додека живеел во Љубљана, тој живеел во куќа, на денешниoт Рибји плоштад (словенечки: Ribji trg), во најстариот дел на градот. Живеењето во Љубљана имало големо влијание врз неговото дело, тој ја сметал Љубљана за главен град на сите Словенци поради нејзината средишна положба во срцето на словенечките земји и поради тоа што нејзините жители зборувале словенечки како свој прв јазик, за разлика од неколку други градови на територијата на денешна Словенија. Се проценува дека во периодот на Трубар околу 70% од 4000 жители на Љубљана присуствувале на литургија на словенечки јазик.[6] Љубљанскиот говор бил јазикот што Трубар го зел како основа на она што подоцна станал стандардниот словенечки јазик, со мали додавки на неговиот мајчин говор, односно долењски дијалект.[6] Трубар го сметал љубљанскиот говор најпогоден, бидејќи звучел многу поблагородно од неговиот, едноставен дијалект на неговиот родно село Рашица]].[7] Неговата одлука да пишува во љубљански подоцна била усвоена и од други протестантски писатели, кои исто така живееле во Љубљана во времето на Трубар. Постепено се приближил кон протестантвото и бил протеран од Љубљана во 1547 година.
Во 1550 година, додека бил протестантски проповедник во Ротенбург, тој ги напишал првите две книги на словенечки, Catechismus in der windischenn Sprach (во превод „Катехизам на виндски јазик“) и Abecedarium („Абецедар“),[8] кои потоа беа отпечатени истата година во Швебиш Хал од Петер Френц.[9] „Catechismus“ го содржел и првиот печатен музички ракопис на словенечки.
Вкупно, Трубар напишал 22 книги на словенечки и две книги на германски. Тој бил првиот што превел делови од Библијата на словенечки јазик. По опомена од Пјер Паоло Верџерио, тој го превел Евангелието според Матеј во 1555 година и до 1577 година во три дела го објавувал преводот на целиот Нов Завет.[4] Во периодот помеѓу 1561 и 1565 година Трубар бил управител и надзорник на Јужнословенскиот библиски институт.[10] Есхатолошки настроен, тој исто така се трудел да ги прозелитизира муслиманите во Османлиската Империја со своите книги.[11]
Во Германија дошол и протераниот протестант баронот Иван Унгнанд, на кого еден германски војвода ќе му го даде својот дворец на располагање, каде за кусо време е оспособена печатница во која се пишувале и се преведувале протестантски книги. Трубар настојувал околу печатницата да собере воодушевени и способни протестанти. Биле излиени глаголски букви, па протестантските книги се печатени на глаголица. Подоцна подготвиле и букви за печатење на кирилица и латиница. Протестантите се надевале дека ова нивно движење ќе се прошири до Рим и Цариград, па затоа книгите ги печателе на трите азбуки. Во печатницата се отпечатени 12 книги со глаголица, 7 со кирилица, и 6 со латиница. Книгите биле преводи од германски јазик. Сите дела биле пишувани во духот на сфаќањата на Мартин Лутер и Еразмо Ротердамски. Книгите се делеле низ Словенија и Хрватска со големи тешкотии.
Трубар починал во Дендинген, Средновековната Германска Империја, каде што е исто така погребан.[2][12]
За првпат се правел обид да се создаде единствен книжевен јазик за Словенците, Хрватите и Србите. За да биде текстот разбирлив, покрај некои зборови ставале синоними во заграда од други дијалекти. Основата на овој книжевен јазик е чакавскиот дијалект, но се чувствува настојувањето да се слејат сите три дијалекти.
Во 1986 година, словенечката телевизија изработила ТВ серија, во режија на Андреј Стројан и сценарио напишано од Драго Јанчар, во која Трубар го глуми словенечкиот глумец Полде Бибич.
Книги напишани или објавени од Трубар се:
„Примож Трубар“ на Ризницата ? |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.