Радиоастрономија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Радиоастрономија — гранка на астрономијата што се занимава со изучување на небесните објекти по пат на радиобранови. Првото забележување на радиоактивни бранови од астрономски објект било направено во 1930-тите години, кога чешко-американскиот научник Карл Јански забележал зрачење што доаѓа од Млечниот Пат. Со понатамошни набљудувања се утврдени и ред други извори на радиозрачење. Тука се вбројуваат ѕвездите и галаксиите, но и сосем нови класи на објекти како радиогалаксии, квазари, пулсари и мазери. Вселенското позадинско микробраново зрачење, што претставува убедлив доказ за Големата експлозија (Биг Бенг), е откриено токму по пат на радиоастрономија.
Радиоастрономските набљудувања се вршат со радиоантени што се нарекуваат радиотелескопи. Тие може да се користат поединечно, или поврзани во група користејќи радиоинтерферометриска техника и отворна синтеза. Интерферометријата овозможува големо аголно разложување (резолуција) бидејќи моќта на разложување зависи од растојанието помеѓу деловите, а не од нивната големина.