Религија во Босна и Херцеговина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Уставот на Босна и Херцеговина (БиХ) односно уставот на Федерацијата на Босна и Херцеговина и Република Српска ја обезбедува слободата на религијата преку Законот за верска слобода. Сепак во денешно време сѐ уште постојат определени општествени злоупотреби и дискриминација врз основа на религиозните определби. Дискриминацијата на религиозните малцинства опстојува во скоро сите делови на земјата. Во некои заедници локалните религиозни водачи и политичари придонеле за нетолеранција и зголемување на национализмот преку јавните изјави и проповеди. Голем број на бесправно изградени верски објекти продолжиле да предизвикуваат етнички и религиозни тензии и конфликти во различни заедници. Верски симболи често во земјата биле тема на злоупотреба за политички цели.
Верници во БиХ | ||||
---|---|---|---|---|
Муслимани | 51 % | |||
Православни | 31 % | |||
Римокатолици | 14 % | |||
Други | 4 % |