From Wikipedia, the free encyclopedia
Роботиката е наука која го проучува дизајнот, производството и продажбата на роботите. Роботиката бара огромно познавање од областите електроника, механика и програмирање, а истовремено уклучува и многу други научни области. Личностите кои се занимаваат со проучување на оваа област се нарекуваат роботичари. Во денешно време се почеста е употребата на роботите во сите полиња на секојдневниот живот, па поради тоа и роботиката бележи огромен развој.
Структурата на роботите е механичка и изгледот и принципот на работа е многу сличен со оној на човечкото тело. Тој главно се состои од извршни уреди (актуатори) кои ги заменуваат мускулите на човечкото тело и зглобови кои ги поврзуваат извршните уреди.
Името роботика е добиено врз основа на зборот „робот“ кое го измислил и употребил чешкиот писател на научно-фантастични раскази Карел Чапек во 1920 во една од своите драми. Зборот робот потекнува од чешкиот збор робота во буквален превод значи „тешка работа“ или општо земено „самосработено“. Пред употребата на ова име имало слични идеи за вакви електронски машини кои ги нарекувале автомати или андроиди.
Извршните уреди (актуатори) се „мускулите“ на роботот, односно деловите кои добиената енергија ја претвораат во движење. Моментално најчесто користени извршни уреди се електромотори кои користат електрична енергија и ја претвораат во движење но има и други методи кои користат други горива или пак компресиран воздух за создавање на движење.
Роботите коишто работаат со реални објекти мораат да имаат начин да манипулираат со тие објекти како фаќање, чувствување, менување или уништување на објектите. Ако дланките на роботите се ефектори, рамото претставува манипулатор. Повеќето манипулатори имаат лесно заменливи ефектори кои се менуваат во зависност од задачата што треба да ја извршат. Најчесто ефекторите се подлежни на следниве категории:
Поради едноставност повеќето роботи на тркала се прават со четири тркала, меѓутоа има и случаи на роботи со 2 или едно тркало. Дури се направени и некои роботи кои се движат со топки.
Одењето е еден од најтешките процеси што треба да се реши кај роботите. Најмногу тоа е поради нерамниот терен и различните препреки што се јавуваат. Има верзии на роботи со две нозе што е прилично потешко за изработка, а почесто се користат роботите на четири нозе кои овозможуваат полесна рамнотежа на роботот.
Се користат повеќе различни теники за одење како на пример со потскокнување, со користење на точката на нулта гравитација и слично.
Модерен патнички авион е типичен пример за летечки робот, со постојано надгледување од двајца пилоти. Автоматскиот пилот може да го вози авионот цело време вклучувајќи го и полетувањето и слетувањето.
Другите летечки авиони - роботи се и без човечко присуство. Многу вакви роботи се користат во воената индустрија носејќи најразлични проектили и успешно извршувајќи ги своите задачи со прецизност која не може да ја достигне човекот.
Направени се и роботи во форма на змија кои со лазење се движат во просторот. Имаат најразлична намена од извршување на тајни шпионски задачи, до пронаоѓање на луѓе во тешко пристапни и ризични места, срушени зграда па дури и во вода.
Ако замислениот идеален робот е оној робот што беспрекорно ги извршува сите домашни задачи (т.е. домашен робот), тогаш начинот на комуникација со обичниот човек е една од најбитните работи. Обичниот човек нема познавање во наредбите на роботот па начинот на комуникација со роботот мора да се одвива преку зборување, гестови и изрази на лицето. Од сите начини зборувањето е најидеален начин за комуникација помеѓу човекот и роботот.
Отсекогаш кај роботите идеја било да им се даде нивна персоналност, односно секој робот да се разликува од останатите. Се работи на тоа поле во вештачката интелегенција, меѓутоа прилично е комплицирано машините да ги направиш да размислуваат.
За успешно да ги извршува зададените задачи роботот мора да биде контролиран. Контролата на роботот се состои од три фази - восприемање, обработка и соодветно делување.
Восприемањето на роботот се врши преку сензори. Сензорите му даваат информации на роботот за средината во која се наоѓа.
Добиената информација мора да биде обработена па во зависност од неа да се одреди дејството што ќе го преземе роботот. Обработката може да биде просто а може да биде и комплексно. Кај случаите на просто обработување, обработувачот врз основа на сензорот дава директни наредби на извршниот уред, додека при сложените обработки има мешање на повеќе информации од различни сензори па според тоа и покомплицирано решение.
Големо внимание се посветува со помош на вештачката интелегенција роботот сам да изнаоѓа решенија дури и ако дадената ситуација не е предвидена во неговите наредби. Односно да се направат роботи коишто ќе учат од средината, па според тоа самостојно ќе донесуваат решенија.
По обработената информација останува уште извршните елементи да ја извршат соодветното дејство односно наредба зададена од обработувачот (мозокот) на роботот.
Проучувањето на движењето на роботот се дели на две гранки и тоа кинематика и динамика. Директната кинематика ја проучува положбата на ефекторите во просторот како и одредувањето на брзината и забрзувањето на ефекторите при познати позиции на зглобовите. Инверзната кинематика пак обратно при зададени вредности на ефекторите ја одредува позицијата на зголобовите.
Директната динамика ја одредува брзината со која треба да се движат зголобовите и самите патеки кога се познати сите сили кои дејствуваат врз процесот. Инверзната динамика ја пресметува потребната сила за да се направат зададените движења.
Роботиката е прилично нова и скапа наука. Поради овие фактори таа сѐ уште не е развиена во многу земји. Најмногу внимание на оваа наука му се посветува во САД и Јапонија каде огромен број на реномирани универзитети овозможуваат студии и катедри од оваа област. Исто така внимание на оваа област се посветува во Велика Британија, Индија, Мексико и во другите поразвиени земји.
Во нашата земја сѐ уште нема посебна студии од оваа област, иако во насоката по Компјутерско системско инжинерство и автоматика (КСИА) на ФЕИТ се изучуваат неколку предмети од оваа област.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.