Соединетите Американски Држави на Олимписките игри
From Wikipedia, the free encyclopedia
Соединетите Американски Држави првпат настапиле на Олимписките игри во 1896 година и оттогаш настапиле на сите натпреварувања освен на Летните олимписки игри во 1980 година кога истите ги бојкотирале.
САД на Олимписките игри | ||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||||||||
Олимписка историја | ||||||||||||
Летни олимпијади | ||||||||||||
|
||||||||||||
Зимски олимпијади | ||||||||||||
|
||||||||||||
Меѓуолимпијади | ||||||||||||
1906 |
Соединетите Американски Држави на Зимските олимписките игри за првпат учествувале во 1924 година, и оттогаш немаат пропуштено ниту еден мундијал.
САД досега бил организатор на осум Олимписки игри и тоа:
- Летни олимписки игри 1904 во Сент Луис
- Зимски олимписки игри 1932 во Лејк Плесид
- Летни олимписки игри 1932 во Лос Анџелес
- Зимски олимписки игри 1960 во Скво Вали
- Зимски олимписки игри 1980 во Лејк Плесид
- Летни олимписки игри 1984 во Лос Анџелес
- Летни олимписки игри 1996 во Атланта
- Зимски олимписки игри 2002 во Солт Лејк Сити
Американските спортисти на Олимписките игри досега имаат освоено вкупно 2399 медали, од кои 974 златни медали. САД во моментот е најуспешната нација по број на медали на Летните олимписки игри, и втора по пласман на Зимските олимписки игри, веднаш по Норвешка.
Националниот олимписки комитет на Соединетите Американски Држави бил основан во 1894 година и бил признаен истата година.