![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/3/34/Treaty_of_San_Stefano.jpg/640px-Treaty_of_San_Stefano.jpg&w=640&q=50)
Санстефански договор
From Wikipedia, the free encyclopedia
Санстефански мировен договор — договор помеѓу Руското Царство и Отоманското Царство склучен на крајот од Руско-турска војна (1877-1878). Бил потпишан на 3 март 1878 во Сан Стефано (Јешилќој), село западно од Истанбул, од страна на Никојал Игнатјев и Александар Нелидов од страна на Руското Царство и министерот за надворешни работи Сафет-паша и амбасадорот во Германија Садулах-беј од страна на Отоманското Царство. Со договорот всушност се воспоставила Санстефанска Бугарија како независна држава. Според некои извори, за Русија Санстефанскиот договор претставувал само прелиминарен договор кој требало да служи како основа за понатамошни преговори со останатите големи сили од тоа време.[1]
![]() Потпишување на договорот | |
Потпишан | 3 март 1878 |
---|---|
Место | Сан Стефано, Османлиско Царство |
Потписници | ![]() ![]() |
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/7/7a/HouseOfSanStefanoTreaty.jpg/640px-HouseOfSanStefanoTreaty.jpg)
Австроунгарија, Британската Империја и Франција не биле задоволни со проширувањето на влијанието на Русија, додека Србија и Грција биле незадоволни од воспоставувањето на Голема Бугарија. Ова незадоволство довело до потпишување на нов мировен договор само неколку месеци подоцна, на Берлинскиот конгрес одржан во јуни и јули 1878 година.
Британскиот историчар A.J.P. Тејлор вели: „Ако договорот од Сан Стефано останел на сила, и Отоманското Царство и Австроунгарија би преживеале до денес. На крајот од 1878 Роберт Сесил пишува: Треба повторно да формираме рахитична форма на турското владеење на југот од Балканот. Но, тоа е само одмор. Нема виталност останато во него.“[2]
Денот на потпишувањето на овој договор во денешна Република Бугарија се слави како национален ден на ослободување.