Сафир
минерал / From Wikipedia, the free encyclopedia
Сафир — син благороден камен, една од варијантите на минералот корунд (Алуминиум оксид). Името доаѓа од латинскиот збор „sapphiru“, што значи „син“. Редок вид на сафирот е „Сафирот ѕвезда“ на којшто кристалната структура е таква што при фокусирана светлина од која и да било насокац се покажува ѕвезда. Постои уште еден вид скапоцен камен- рубин кој е, исто така, варијанта на минералот корунд. Сафирот се смета за еден од четирите највредни благородни камења, заедно со рубинот, смарагдот и дијамантот.
![]() | Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/e/ee/Star-Saphire.jpg/220px-Star-Saphire.jpg)
Историјата на сафирот датира уште од пред 7 век п.н.е., кога го користеле Етрурците, а после нив Грците и Римјаните, кои го носеле од Индија.