Светски ден на веганците
From Wikipedia, the free encyclopedia
Светскиот ден на веганците е настан кој се прославува секоја година на 1 ноември од страна на веганците низ целиот свет. Денот е воспоставен во 1994 година од страна на Луис Валис, претседател на Заедницата на веганците од Обединетото Кралство.
Во 2010 година се прославила 66-годишнина од моментот на воведување на терминот веганец, а со тоа и вербалната потврда на концептот на веганство и Заедницата на веганците.