![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/a/af/Grlakes_lawrence_map.png/640px-Grlakes_lawrence_map.png&w=640&q=50)
Сент Лоренс (река)
голема река во Северна Америка / From Wikipedia, the free encyclopedia
Сент Лоренс — голема северноамериканска река што тече од исток кон запад и ги поврзува Големите езера со Атлантскиот Океан. Таа е најважниот воден пат од Големите езера до Атлантикот, и претставува природна граница помеѓу Канада и САД.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/a/af/Grlakes_lawrence_map.png/320px-Grlakes_lawrence_map.png)
Извира (истекува) на источниот крај од езерото Онтарио кај градот Кингстон, тече кон запад во должина од 1 197км, и конечно се влева во Атлантикот формирајќи го најголемото устие на светот, наречено залив Сент Лоренс. На нејзините брегови се изградени многу населби, од кои најголеми се Монтреал и Квебек Сити во Канада.
По нејзиниот тек има два островски архипелази: Илјада острови кај Кингстон, Онтарио и Хохелага кај Монтреал, и уште неколку поголеми острови.
Езерото Шамплејн, реките Отава, Ришелје и Сагуенај се влеваат во Сент Лоренс.
Заливот и реката Сент Лоренс биле појдовна точка за навлегување на Европските колонизатори во внатрешноста на Северноамериканскиот континент. Во почетокот, таа била пловна само до Монтреал, но подоцна е прокопан каналот Лашин кој овозможил пловидба се' до езерото Онтарио, и понатаму во областа на Големите езера. Денес, преку систем на канали, брани и порти, дури и прекуокеански бродови можат да пловат низ Сент Лоренс се' до езерото Супериор.