Систинска капела
капела во апостолската палата, официјална резиденција на папата во Ватикан / From Wikipedia, the free encyclopedia
Систинската капела (италијански: Cappella Sistina) или Сикстинска капела (латински: Sacellum Sixtinum) — најпозната капела во Апостолскиот дворец, официјалната резиденција на папата во Ватикан. Нејзината слава доаѓа пред сѐ од внатрешната декорација со фрески од Микеланџело, Рафаел, Бернини и Ботичели, како и од фактот што во неа се одржуваат конклавите - кардиналски собори за избор на нов папа. Капелата го носи името според папата Сикст IV кој ја реставрирал „Големата капела“, како што претходно се нарекувала, помеѓу 1477 и 1480 година. Капелата ја осветил Сикст IV на 15 август 1483 и ја посветил на Успението на Пресвета Богородица.[3]
| |
---|---|
Систинска капела | |
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 408: Malformed coordinates value | |
Основни податоци | |
Место | Ватикан |
Координати | 41°54′11″N 012°27′16″E |
Припадност | Римокатоличка црква |
Епархија | Римокатоличка епископија |
Осветен | 15 август 1483 |
Водство | папа |
Мреж. место | mv.vatican.va |
Архитектонски опис | |
Архитект(и) | Бацио Понтели, Џовани де Долчи.[1] |
Архитектонски тип | црква |
Поставен темел | 1473[1] |
Завршен | 1481[1] |
Особености | |
Должина | 40.9 метарs (134 ст) |
Ширина (кораб) | 13.4 метарs (44 ст) |
Висина (најг.) | 20.7 метарs (68 ст) |
Службен назив: Ватикан | |
Тип | Cultural |
Услови | i, ii, iv, vi |
Прогласен | 1984[2] |
Број | 286 |
State Party | Света столица |
Регион | Европа и Северна Америка |
Денес Систинската капела е дел од разгледувањето на Ватиканските музеи и може да се посети кога во неа не се одржуваат служби.