археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Слатина — населба од неолитско време. Се наоѓа на 200-300 метри пред влезот во селото Зелениково, лево од патот и железничката пруга, на пространа тераса што се издига над старото корито на Вардар, на десната страна. Поголем дел од теренот е обработлив и е сопственост на ЗИК „Светлост“. Со длабокото орање и садењето на овошки површинските слоеви се оштетени и развлечени. Наоѓалиштето е откриено уште во 1950 година, кога е извршено и првото пробно ископување. Подоцна, со ископувањата во 1954 и 1955 година, а особено во 1974 и 1975 година се откриени остатоци од куќи (лепеж) и разни предмети од материјалното производство, особено од керамика. Се работи за поголема населба од средниот неолит, со подолга интерна еволуција, истовремена со населбите од културната група Анзабегово-Вршник II-IV. Посебно значајни се наодите од последниот слој на населбата, од времето на доцниот неолит, според кои е воведена нова културна група наречена Зелениково II. Наодите се чуваат во Музејот на Град Скопје.[1]
„Слатина“ | |
Местоположба | 41°53′12″N 21°35′12″E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Зелениково |
Општина | Зелениково |
Тип |
|
Период | неолитско време |
Портал „Археологија“ |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.