Сојузни држави на Нигерија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Нигерија се дели на 36 сојузни држави и федералната престолнинска територија Абуџа. Државите потоа се делат на 774 месни управни подрачја.[1]
Пред и по стекнувањето на независноста во 1960 г, Нигерија била федерација сочинета од три региони: Северен, Западен и Источен. Во колонијално време постоеле и покраини. Во 1963 г, од Западниот регион се одземени две покраини, кои потоа го образувале новиот Среднозападен регион. Во 1967 г, регионите се поделени и заменети со 12 сојузни држави. При поделбата, целовит останал само Среднозападниот регион и добил статус на држава. Од 1967 до 1970 г. Среднозападниот и Источниот Регион се направиле обид за отцепување од земјата и осамостојување под името Бијафра. Во 1976 г. се создадени уште седум држави, накачувајќи го бројот на 19;[2] Во 1991 г. е основана Федералната престолнинска територија (денес наречена Абуџа). Во 1987 се воведени две нови држави, а во 1991 г. следувале уште девет, сочинувајќи вкупно 30.[2] Со последната измена во 1996 г. земјата ги добила конечните 36 држави.