Список на градови во Австрија
список на статии на Викимедија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Австрија е високо развиена средноевропска држава со голем степен на урбанизираност. Иако во државата е извршена децентрализација и регионализација, наследството од хабсбуршкиот период, каде предност и се давало на царска Виена, и денес лесно се забележува. Така, во престолнината Виена со 1.878.759 жители (состојба на 1 јануари 2004 г.), живее приближно четвртина од населението на Австрија.
Другите големи градови со преку или околу 100.000 жители (Грац, Линц, Салцбург, Инсбрук, Клагенфурт) се рамномерно распоредени и сите се средишта на австриските покраини. Во државата има и низа помали градови, кои се убаво уредени и често со својот развој се насочени кон туризам и угостителство.