Список на староегипетски династии
список на статии на Викимедија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Во историјата на Стариот Египет, династиите претставуваат низи од владетели кои делат заедничко потекло или род. Овие династии понатаму се групираат според „кралства“ и „преодни периоди“.
Првите триесет поделби се осмислени во III век п.н.е. од свештеникот Манетон и изложени во неговото (денес изгубено) дело Египтијака веројатно напишано по нарачка на тогашниот птоломејски владетел на Египет. Последните две, краткотрајната Трипесет и прва и подолготрајната Птоломејска династија се наречени подоцна.
Иако наоѓа широка употреба, системот има и недостатоци. Некои династии владееле само со извесен дел од Египет и постоеле истовремено до други династии. Седмата можеби воопшто не постоела, Десеттата се чини дека е продолжеток на Деветтата, а може да постоеле една или повеќе горноегипетски династии пред Првата.