А1 Арена
From Wikipedia, the free encyclopedia
A1 Арена (спонзорското име на Спортскиот центар „Борис Трајковски“) — втората најголема повеќенаменска спортска сала во Македонија.
Кратки факти А1 арена Надворешен изглед на салата, Место ...
А1 арена
| |
---|---|
Место | Скопје, Македонија |
Започнат | 2003 |
Отворен | 2008 |
Сопственик | Град Скопје |
Игра | Кошаркарска репрезентација (мажи и жени), Ракометна репрезентација (мажи и жени), Одбојкарска репрезентација (мажи и жени) |
Гледачи | 6,200¹ ¹4.360 фиксни и дополнителни 1840 мобилни седишта [1] |
Затвори
При нејзиното пуштање во употреба била именувана по покојниот македонски претседател Борис Трајковски. Нејзиното свечено отворање било на 22 мај кога настапиле кошаркарските егзибионисти Харлем Глоубтротерс. Салата има сместивост од 6,200 места. Салата била домаќин на Европското првенство во ракомет за жени одржано во 2008. Таа е исто така дом на повеќе македонски национални репрезентации.
Спортскиот центар го променил своето име со потпишувањето на договорот со компанија „А1 Македонија“, кој ќе траел две години со можност за продолжување на уште две години.[2]