Субатомска честичка
честичка помала од атомот / From Wikipedia, the free encyclopedia
Субатомска честичка — претставува честичка која е многу помала од атомот.[1] Постојат два вида на субатомски честички: основни честички коишто според денешните теории не се составени од други честички и сложени честички.[2]. Честичната физика и јадрената физика ги изучуваат овие честички и начинот на кој тие меѓусебно заемодејствуваат.[3]
Во физиката на елементарни честички,концептот честичка е само еден од неколкуте концепти наследни од класичната физика.Но,го отсликува и современото разбирање дека на квантната скала материјата и енергијата се однесуваат многу поразлично од она што секојдневното искуство би не навело да очекуваме.
Идејата за честичка била сериозно преиспитана кога екпериментите покажале дека светлината може да се однесува како проток на честички(наречени фотони),а исто така покажала и брановити својства.Тоа довело до нов концепт за корпускуларен-бранов дуализам кој покажува дека „честичките“ на квантната скала се однесуваат и како честички и како бранови (познати како честичка-бран).Друг нов концепт ,начело на неопределеност, тврди дека некои од нивните својства гледани заедно,како на пример нивниот вектор на положба и импулс,не можат точно да се измерат.[4] Во скорешното време,корпускуларно-брановиот дуализам беше прикажан да се примени не само на фотоните туку и на големи честички.[5] Взаемната комуникација помеѓу честичките во рамките на квантната теорија за полето е сфатена како создавање и уништување на квантот на соодвентните основни заемодејства. Ова ја меша физикатта на елементарни честички со квантата теорија за полето.