![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/c/cd/Vaasspons2.jpg/640px-Vaasspons2.jpg&w=640&q=50)
Сунѓери
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сунѓерите (лат. Porifera) се наједноставно градените многуклеточни животни (Metazoa). Тоа се бесткивни метазои коишто живеат во водена средина. Нивното тело е составено од голем број на клетки кои вршат одредена функција. Тие се расфрлани низ целото тело на сунѓерот, и не се групирани како кај ткивните животни, при што секоја клетка одделно си врши своја функција.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/2/20/MicroscopicSpiculesfromPachastrellidSponge.jpg/320px-MicroscopicSpiculesfromPachastrellidSponge.jpg)
Кратки факти Сунѓери, Научна класификација ...
Сунѓери | |
---|---|
![]() | |
Сунѓерот Xestospongia testudinaria | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Натколено: | Metazoa |
Оддел: | Parazoa |
Колено: | Porifera (Spongia) Грант и Тод, 1836 |
Класи | |
Варовнички сунѓери (Calcarea) |
Затвори
Сунѓерите на целата своја телесна површина имаат отвори, а во внатрешноста е развиен систем од канали и празнини. Во зависност на сложеноста на организацијата на телото, се разликуваат неколку типови на сунѓери:
- Сунѓери од аскон тип - Овој тип на сунѓер е изграден од два слоја на клетки: надворешен слој од сплескан епителијален ектодерм и внатрешен слој од издолжени клетки со камшик и огрличка (хоаноцити) - ендодерм. Помеѓу овие два слоја, има тенок слој од бесструктурна мезоглеа со пивтиеста градба и со расфрлани ов неа (разновидни по форма и функција) клетки. Во внатрешноста на телото има парагастрална празнина, која е во врска со надворешната средина со мали површински отвори и со еден поголем отвор - оскулум. Од аскон тип на градба се малку сунѓери.
- Сунѓери од сикон тип - Повеќето сунѓери се од овој тип. Имаат задебелена мезоглеа и посложен систем од канали и празнини.
- Сунѓери од левкон тип - Сунѓерите со најсложен тип на градба се наречени вака.