Табла (игра)
една од најстарите игри на табла за двајца играчи / From Wikipedia, the free encyclopedia
Табла е една од најстарите игри на табла за двајца. Секој играч има петнаесет пулови кои ги движи помеѓу 24 полиња (триаголници) во зависност од фрлањето на двата зара. Целта на играта е еден од играчите да ги „извади“ сите пулови надвор од таблата.
Постојат неколку видови на играње на табла и повеќе нивоа на една игра. Како шахот, таблата e проучена со голем интерес од страна на компјутерските научници.