Тамбурица
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тамбурица ( /tæmˈbʊərɪtsə/ или /ˌtæmbəˈrɪtsə/) (хрватски: Tamburica, српски: Тамбурица, Tamburica, со значење мала тамбура, унгарски: Tambura, грчки: Ταμπουράς) е традиционален јужнословенски инструмент. Тамбурата е жичен инструмент, сличен на мандолината, чија појава е поврзана со турските освојувања на Балканот. Иако донесена од Турците, тамбурата е всушност стар месопотамски инструмент. Најстарите пишани документи за тамбурите на Балканот потекнуваат од 1551 година од подрачјата на Србија и Босна. Тамбурата е особено специфична за муслиманските словенски заедници во Босна и Херцеговина, на Косово и во Македонија, но со миграциите на населението таа станала најважен инструмент во музиката во Славонија и Војводина - подрачја каде и ден денешен цвета тамбурашката култура.