Тио Волкот
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тио Џејмс Волкот (роден на 16 март 1989 година во Стенмор) — англиски фудбалер, крило на Саутхемптон, на заем од Евертон, и на англиската репрезентација.
Тио Волкот | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 16 март 1989(1989-03-16) (35 г.)[1] | ||
Роден во | Стенмор, Англија | ||
Држава | Англија | ||
Висина | &100000000000001760000001,76 м | ||
Позиција | крило, напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Саутхемптон | ||
Број | 32 | ||
Младинска кариера | |||
Њубери | |||
Свиндон Таун | |||
Саутхемптон | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2005–2006 | Саутхемптон | 21 | (4) |
2006-2018 | Арсенал | 260 | (65) |
2018- | Евертон | 77 | (10) |
2020- | → Саутхемптон | 1 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2004-2005 | Англија 16 | 4 | (0) |
2005-2006 | Англија 17 | 14 | (5) |
2006 | Англија 19 | 1 | (1) |
2006-2010 | Англија 21 | 21 | (6) |
2006– | Англија | 47 | (8) |
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 16 јануари 2012 ‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 16 јануари 2012 |
Волкот е производ на академијата на Саутхемптон и ја започнал својата професионална кариера во овој клуб, пред да дојде во Арсенал за 5 милиони фунти во 2006 година. Неговата страшна брзина со топката и одличните нафрлувања го натерале неговиот менаџер Арсен Венгер да го постави на крилото во поголемиот дел од неговата кариера. Во 2012 година, во спорот околу неговиот договор наведе дека ако потпише сака да игра како напаѓач.[2]
На 30 мај 2006 година, Волкот станал најмладиот репрезентативец на сениорската репрезентација на Англија на возраст од 17 години и 75 дена [3] На 6 септември 2008 година, тој го направил својот прв старт во почетниот тим во натпревар од квалификациите за Светското првенство против Андора, а веќе во следниот натпревар против Хрватска на 10 септември тој ја отворил својата сметка на погодоци за сениорската репрезентација и станал најмладиот играч во историјата кој успеал да постигне хет-трик за Англија. Тој ја претставувал својата земја и на Светското првенство 2006 и Евро 2012 и има 47 настапи и осум постигнати гола досега.[4]