Тешка индустрија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тешка индустрија — стопанска дејност која подразбира индустриско производство на големи и тешки добра. Тука спаѓа изработката на тешка машинерија, големи машински строеви и огромни зданија од значајни размери, што се одликува со многубројни и сложени процеси. Поради овие чинители, тешката индустрија подразбира поголема капитална интензивност отколку лесната индустрија и поголема цикличност во поглед на вложувањето и вработувањето.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/b/b7/%D0%A0%D1%83%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%E2%80%9E%D0%94%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%E2%80%9C.jpg/640px-%D0%A0%D1%83%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BA_%E2%80%9E%D0%94%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BE%E2%80%9C.jpg)
Уште од почетокот на Индустриската револуција, главни тешки индустрии биле превозот и градежништвото, заедно со придружното снабдување со производствени залихи. Од средината на XIX до почетокот на XX век, типични примери за ваквата индустрија биле челичарството, производството на артилерија, локомотиви, машинството и потешките видови на рударство. Од крајот на XIX до средината на XX век се развиле хемиската и електричната индустрија, каде тешката и лесната индустрија играле подеднаква улога; такви примери се автомобилската индустрија и авиоиндустријата. Современата бродоградба (која користи челик место дрво) се смета за тешка индустрија. Ваквите дејности исто така подразбираат големи системи со примена во изградбата на облакодери и големи брани во периодот по Втората светска војна, како и изградбата на големи ракети и џиновски ветерни турбини во текот на XXI век.