Тејт
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тејт е национален музеј на Обединетото Кралство на британска и модерна уметност и претставува мрежа од четири уметнички галерии во Англија: Тејт Британија (отворена 1897 и преименувана во 2000), Тејт Ливерпул (1988), Тејт Сент Ив (1993) и Тејт Модерн (2000), со дополнително мрежно место, Тејт Онлајн (1998). Тоа е државен орган без одделенија.
Тејт се користи како оперативно име за правно тело кое беше основано со Законот за музеи и галерии од 1992 год. како Одбор на доверители на Тејт галеријата.
Галеријата беше основана во 1897 како Национална Галерија на Британската Уметност. Кога улогата му беше сменета вклучувајќи ја и модерната уметност, беше преименувана во Тејт Галерија по Хенри Тејт, кој ги постави основите за колекцијата. Тејт галеријата беше сместена во зграда на Милбанк, Лондон. Во 2000 г. ја подели својата колекцијата во четири музеи: Тејт Британија (сместена во првобитната зграда) прикажувајќи колекција на британска уметност од 1500 г. до денешен ден; Тејт Модерн која што исто така е во Лондон и во неа се наоѓа колекцијата на Тејт на британска и меѓународна модерна и современа уметност од 1900 г. до денешен ден. Тејт Ливерпул што се наоѓа во Ливерпул ја има истата цел како и Тејт Модерн, но во помал размер и Тејт Сент Ив прикажува модерна и современа уметност од уметници кои се поврзани со областа. Сите четири музеи ја споделуваат колекцијата на Тејт. Еден од најпубликуваните уметнички настани на Тејт е годишната Награда Тарнер, која се одржува во Тејт Британија.