![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/b/b7/Tryglyphe23145.png/640px-Tryglyphe23145.png&w=640&q=50)
Триглиф
From Wikipedia, the free encyclopedia
Триглиф е архитектонски поим за вертикално врежани плочки кај Дорскиот фриз, така наречени заради глестите канали во нив, два совршени и еден поделен, со тоа што двата фасирани агла или хемиглифи се сметаат за еден. Квадратните вовлечени места помеѓу триглифите на фриз се нарекуваат метопи.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/b/b7/Tryglyphe23145.png/320px-Tryglyphe23145.png)
Триглифот се смета за тектонска репрезентација во камен на краевите на дрвените греди на типичната примитивна колиба, според описот на Витрувиј и други класични и ренесансни дејци. Двените греди биле засечени на три засебни места за фрлање во сенка на нивните грубо исечени краеви. Старогрчката архитектура (а подоцна и римската) ја има зачувано оваа одлика, како и многу други елементи од првобитните дрвени градби, како признание за потеклото на архитектурата и нејзината улога во историјата на цивилизацијата.