Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола
универзитет во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Универзитет „Св. Климент Охридски“ — високошколска установа во Битола, вториот универзитет во современа Македонија, основан на 25 април 1979 г.
![]() | |
Вид | државен |
---|---|
Основан | 25 април 1979 |
Ректор | проф. д-р Игор Неделковски |
Студенти | 13.000 [1] |
Место | Битола, Република Македонија |
https://uklo.edu.mk/ |
Со основањето на универзитетот била остварена историската цел за обединување на постојните високообразовни и научно-истражувачки установи од југозападниот регион на Македонија, односно Битола, Прилеп и Охрид, како придонес за порамномерен развој на Македонија.
На 8 декември 1994, на денот на Св. Климент Охридски, универзитетот го добил своето денешно име. Универзитетот ја прославил својата 35-годишнина на 25 април 2009.[2]
Универзитетот членува во разни меѓународни образовни здруженија, вклучувајќи ги EUA и BUA, а носител е и на Повелбата Еразмус+.
Научни полиња и области
Природни науки
- Компјутерски и информатички науки
Техничко – технолошки науки
- Транспортно инженерство
- Електроенергетика, електроника, електротехника
- Електроенергетски и комуникациски системи
- Применето инженерство (заштита на животната и работната средина)
- Машинство
- Мехатроника
- Графичко инженерство
Медицински науки и здравство
- Сестринство
- Нутриционизам (гастрономија)
- Диететика
- Здравствена грижа (акушерство, физиотерапија, радиологија, медицинска лабораторија)
- Форензички науки
Биотехнички науки
- Прехранбена технологија и биотехнологија
- Преработка на анимални производи
- Агрономија, растително производство и заштита на растенија
- Ветерина
Општествени науки
- Економски науки (финансии, менаџмент, банкарство, сметководтсво, ревизија, маркетинг, осигурување)
- Образование
- Правни науки
- Туризам и угостителство
- Безбедност
- Политички науки
- Организациски науки и управување
Хуманистички науки
- Наука за јазикот
Наука за книжевност