Устав
From Wikipedia, the free encyclopedia
Уставот е највисок правен акт на една држава. Тој претставува систем, честопати кодификуван во пишан документ, којшто ги воспоставува основните правила и принципи според кои се владее со некоја организација. Во случајот со националните држави, овој термин се однесува на националниот устав, кој ги дефинира основните политички принципи на нацијата и ги воспоставува моќта и одговорноста на секоја влада. Исто така, повеќето национални устави гарантираат одредени права на народот. Историски гледано, пред еволуцијата на модерните кодификувани национални устави, терминот устав можеше да биде применет на било кој позначаен закон.
Уставите може да се најдат во повеќе организации. Во изобилство ги има во власта, на супранационално ниво (пр. Повелбата на Обединетите нации), национално (пр. Уставот на Франција) и на субнационално/покраинско (пр. Уставот на Мериленд) ниво. Нив ги има во многу политички групи, како што се политичките партии и групите за притисок, вклучувајќи ги и синдикатите. Постојат многу неполитички групи и ентитети кои може да имаат устави, како што се претпријатијата и волонтерските организации.