ФК Херенфен
фудбалски клуб од херенфен, Холандија / From Wikipedia, the free encyclopedia
ФК Херенфен или Спортски клуб (СК) Херенфен е холандски професионален фудбалски клуб и во моментов се натпреварува во Ередивизи, највисокото ниво во холандскиот фудбал. Базата на клубот е во градот Херенфен, Фризија.
Целосно име | Спорт Клуб Херенфен | ||
---|---|---|---|
Основан | 1920 | ||
Стадион | Абе Ленстра Херенфен, Холандија (Капацитет: 26,800) | ||
Сопственик | Гастон Споре | ||
Тренер | Двајт Лодевегес | ||
Лига | Ередивизи | ||
2021/22 | 8-ти | ||
Мреж. место | Службено мрежно место | ||
| |||
Тековна сезона |
Клубот е основан во 1920 година. Херенфен досега нема ниту една титула првак на Холандија, но во сезоната 1999-2000 го освоил второто место зад шампионот ПСВ Ајндховен и настапувал во Лигата на шампионите следната сезона. Најголемиот успех во историјата на клубот е освојувањето на Купот на Холандија во сезоната 2008-09, кога Фризијскиот клуб бил подобар од Твенте на пенали. Интересно е тоа што во тоа финале, првиот гол на натпреварот го постигнал поранешниот македонски репрезентативец Горан Попов, доведувајќи го Херенфен во водство во 27-мата минута.
Боите и амблемот на Херенфен го претставуваат симболот на Фризија, покраината од која доаѓа клубот. Својте домашни натпревари Херенфен ги игра на Стадионот Абе Ленстра кој има капацитет од 26,800 седечки места.