From Wikipedia, the free encyclopedia
Фендер стратокастер, често нарекувана „Страт“, е модел на електрична гитара дизајнирана од Лео Фендер, Џорџ Фулертон и Фреди Таварес во 1954 година и произведувана од Fender Musical Instruments Corporation до денес. Тоа е двојно засечена гитара (double- cutaway guitar – гитара која овозможува полесен пристап до горните стапала) со продолжен преден дел, за рамнотежа при стоење. Многу познати гитаристи имаат користено стратокастер и може да се слушне на многу историски снимки. Заедно со Gibson Les Paul, Gibson SG и Fender Telecaster, таа е една од најпознатите и најиздржливи модели на гитари во светот.Дизајнот на стратокастерот го надминал музичкото поле за да се рангира во дизајните на класичната индустрија на сите времиња; многу примероци се изложени во поголемите музеи низ целиот свет.
Во оригиналната форма, стратокастерот го имало во две нијанси како орнамент на тврд труп со длабоки контури, врат од јаворово дрво со 21 стапало, со вметнати црни точки и штимери Клусон, се` до 1975 година, кога Фендер почнал да произведува трупови изработени од цврста јасика. Исто така, постоел сет од достапни бои кои не биле стандардизирани до 1960 година. Овие бои од автомобилски лакери правени од Дупонт и можеле да се добијат за доплата од 5%. Еден фурнир, штитник со 8 навртки, бил уникатен концепт кој овозможувал да се вградат сите електронски компоненти на гитарата на една површина која лесно може да се отстрани. Наредните дизајни на Стратокастер (и од Фендер и од други имитирачки компании) можеби се подобриле во корисност и звук но, старомодните модели на Фендер сѐ уште вредат многу пари и многумина го претпочитаат звукот на постарите модели.
Направени се многу копии на Стратокастер; поради тоа, поимот Strat, иако бил користен како заштитен знак на “Fender Musical Instrument Corporation”, често се користи и за именување на која било гитара која ги има истите општи одлики како и оригиналот, без оглед на производителот.
Радикално мазните контури и форма на трупот на Стратокастерот (официјално наречен, од страна на Фендер Comfort Contour Body) била позната разлика помеѓу Стратокастерот и рамниот дизајн во вид на плоча на Телекастерот. Трупот содржи уникатна заобленост на горниот заден дел и помала заобленост во долниот преден дел каде што се одмара раката на гитаристот. Вратот од јаворово дрво којшто оформува уникатна форма на главата во вид на нога од куче (“dogleg” style), претставува уште една разлика со Телекастерот којшто има глава со многу тесна форма. Жиците се фиксирани низ кобилица која е со федери прикачена на „шепата“ во празнината за кобилицата во задниот дел од гитарата. Оригиналните стратокастери биле произведувани со пет жици кои поминувале низ кобилицата и биле поставени рамно, паралелно со трупот. Гитаристите можеле да ја тргнат задната плочка од кобилицата, да одстранат два федера и да ги затегнат винтовите на рачката за да и овозможат на кобилицата да „лебди“, со влечење на жиците во една насока со што федерите се движеле во друга насока. Кога кобилицата се наоѓа во ваква позиција, гитаристите може да ја движат горе и долу тремоло рачката, поставена на кобилицата, со цел да го зголемат или намалат степенот на нотите што се свират во моментот. Голем број гитаристи, како Ерик Клептон кои не ја сакаат расштиманата нестабилност на Стратокастерите со лебдечка кобилица, најчесто ја блокираат тремоло кобилицата, со ставање на мало парче дрво во “Intertia block” (празнината кон долниот дел од трупот на гитарата) и создаваат прекумерна тензија врз жиците влечејќи ги во спротивна насока, за кобилицата да си стои во место.Некои Стратокастери, на местото на за тремоло рачка имаат поставено поправена кобилица на тоа место; овие стратокастери се колоквијално наречени „цврсто-опашни“ (hard-tails). Стратокастерот е составен од три посебно завиткани магнети, со излез за оригинално избрана скретница со 3 позиции. Подоцна, гитаристите откриле дека со туркање на скретницата помеѓу 1та и 2та позиција, и кобилицата и средните магнети може да се изберат и слично на ова, средните и вратните магнети може да се изберат помеѓу 2та и 3та позиција. Овој трик станал широко распространет, а Фендер создал магнетен избирач со 5 позиции (стандардна одлика до 1977 година) кој ги дозволувал тонските комбинации и овозможил подобра стабилност при промена на позиција; тонот „квак“(слично на патка) на средните и магнетите на кобилицата, популаризиран од страна на гитаристи како Дејвид Гилмор, Рори Галагер, Марк Нопфлер, Боб Дилан, Ерик Клептон и Роберт Греј, се добива со користење на магнетниот избирач во 2 и 4 позиција. Вратните и средни магнети, сите се споени со жица за штимерите, додека пак, магнетот на кобилицата кој е накривен кон повисоките жици за трикратен звук, нема тонска контрола за максимална чистота. Како што според конфигурацијата, комбинирањето на вратните и средните магнети испраќа сигнал низ два тонски потенциометри, со што се губи тонот, најчеста модификација е да се поврзе втора тонска контрола на кобилицата. На многу модерни Стратокастери, првиот тон влијае врз вратниот магнет; вториот тон влијае врз средниот и магнетот на кобилицата; на некои уметнички серии на модели (со авторско право на Ерик Клептон и Бади Гај), првиот тон е моментално кружење што ги смалува (или појачува) тонските и бас честотите, со влијание врз сите магнети; вториот тон, е активен среден засилувач кој ги засилува средните честоти до 25 dB (на некои модели 12 dB)за да создаде јак пригушувачки ефект. Гласот на сите три магнети е контролиран само од едно копче за волумен. Местоположбата на копчињата дозволува лесна манипулација на звукот со десната рака за време на свирење.
Сите три магнети се еднакви. Поради зголемениот број на популацијата што користела комбинација на магнети, Фендер внел нова особина во 1977 година која одговарала со стандардните 5 позиции; среден магнет со спротивна страна и спротивна поларност. Како што е наведено во описот, магнетната поларност на магнетот е спротивна со онаа на другите два магнети, како и насоката на жицата навиткана околу калемот. Ова предизвикува ефект на прекин на брмчењето (отстранувањето на брмчењето предизвикано од слабо заштитените, средни до најјаки надворешни направи за забрзување) во позициите 2 и 4 на избирачот на позиција. Овој принцип е познат од многу порано, била поставена во форма на магнет кој го намалува зуењето на “Gibson” и split-coil магнетот (магнет кој го намалува зуењето во Ј форма и има два калема подредени во линија, наместо еден долг калем) кој бил искористен за ”Precision Bass (“P Bass” – бас гитара изработена од Лео Фендер). Денес, во суштина, сите инструменти на Фендер, кои имаат повеќе од еден “split-coil” магнет (меѓу нив најпознати се Стратокастер, Телекастер и Џез Басот) се поврзани со жица на таков начин кој овозможува комбинација на магнети кои го прекинуваат зуењето.Едно време, Фендер почнал да произведува гитари со магнети на кобилицата, наместени во најдалечниот дел од највисокиот опсег на вибрирачките жици, малку „презатегнати“, со цел да се зголеми сигналниот резултат од тој магнет. Дури и повеќе пренавиените магнети (дизајните hot-wired) станале популарни, било поради сите три магнети (“hot” конфигурација), или само поради позицијата на кобилицата (т.н. "Texas Hot" поради неговата популарност помеѓу јужните рок гитаристи).
Стратокастерот е познат по неговите светли, чисти и „ѕвонечки“ звуци. Магнетот на вратот има поблаг, полн и погласен звук во споредба со остриот и жив тон на магнетот на кобилицата. Средниот магнет произведува некој звук помеѓу овие два. Бади Холи бил еден од пионерите на Стратокастер и всушност го користел инструментот во сите негови песни со The Crickets. За време на снимањето на Peggy Sue, ритам гитаристот Ники Саливан, не бил потребен за песната и наместо да свири стоел до Холи и го вртел избирачкото копче на гитарата на Холи, од магнетот на вратот, на магнетот на кобилицата за време на солото. Од 1959 до 1967 година, Стратокастерот стандардно се правел со гриф од палисандрово дрво, а исто така и со голем избор на бои, вклучувајќи голем избор на боја за коли кои одговарале и за почетниците сурфери и “hot-rod” (американски коли со големи машини, изменети за линеарна брзина) културата, откриени од бендови како Surfaris, Ventures и Beach Boys. Дик Дејл е познат Стратокастер гитарист кој исто така, соработувал со Лео Фендер во создавањето на Fender Showman засилувачот. На почетокот на 1960те, инструментот го користел и Хенк Марвин – гитарист на Shadows, бенд кој бил оригинален следечки бенд на Клиф Ричард, а потоа создавал свои сопствени инструментлки. Звукот на Хенк Марвин бил многу различен од оној на другите музичари – вклучувајќи ги и Beatles – тие на почетокот намерно го избегнувале Стратокастер и користеле други марки. Меѓутоа, во 1965 година, Џорџ Харисон и Џон Ленон од “Beatles” набавиле Стратокастери и ги користеле за песните Help! и Rubber Soul и за многу други снимања.
Едноделниот врат од јаворово дрво престанал да се изработува во 1959 година. Од 1959 година до летото во 1962 година, грифот на гитарата бил од палисандрово дрво, израмнет на внатрешната страна и залепен за јаворот. Ова станало познато како „плочест гриф“. Плочестиот гриф приближно 4,765 мм на најдебелата точка, во центарот на вратот на гитарата, под жиците 3 и 4. Од средината на 1962 до 1979 година, палисандровото и јаворовото дрво биле пред центарот и грифот станал познат како крив, заоблен ламиниран или „фурниран“...имал иста дебелина на вратот за разлика од претходниот плочест тип на врат. Дизајнот бил променет бидејќи Фендер имал проблеми со виткањето на некои вратови од плочестиот тип. Јаворовите грифофи се правеле само по специјални нарачки. Наредната година бил променет дизајнот на штитникот на 3-слоен (4-слоен кај некои бои) „повеќе-слоен“ со 11 дупки за навртки. По купувањето на Фендер во 1965 година, CBS почнале да нудат и јаворов врат со посебно залепен ламиниран гриф во 1967 година (познат како врат со „јаворова покривка“ – “maple cap”) и палисандров гриф на јаворов врат како друга опција. Две години подоцна, компаниите Фендер коиги поседувале CBS повторно го пуштиле во продажба едноделниот јаворов врат, по 10 годишно отсуство. Основната причина за користење на палисандрово дрво во 1959 година, била тоа што “Gibson” гитарите имале грифови од палисандрово дрво и муштериите го сакале ова, а исто така, јаворовите грифови многу брзо ја губеле бојата поради стариот нитроцелулозен лак, кој не бил долготраен и многу брзо се уништувал на грифовите. Со појавата на Fender Stratocaster Ultra сериите во 1989 година, како материјал за грифовите на некои модели, официјално било избрано абоносовото дрво ( иако неколку серии на Elite Stratocasters произведени во 1983/84 година, како “Gold” и “Walnut”,биле достапни со обоени абоносови грифови). Во декември 1965 година, на Стратокастерот му била вградена појасна глава со изменети транспарентни налепници за да се совпаѓаат со големината на Jazzmaster и Jaguar.
Многу уметници откриле дека троделниот магнетен менувач може да биде вметнат помеѓу поставките (често со користење на предмети како чкорчиња и чепкалки за заби за да се намести на место) за понатамошната разлика во тоновите, со добивање на уникатен звук кога се обединети два магнети. Џими Хендрикс, исто така го поместувал менувачот низ поставките при продолжување на нотата, со што создавал карактеристичен „треперлив“ звук. Од 1977 година, на Стратокастерот му бил дограден менувач со пет дела, за да го овозможи менувањето постабилно.Со текот на времето, други субтилни измени им се направени на гитарите но, основната форма и одлики на Стратокастерот останале неизменети. Во 1970те и 1980те години, некои гитаристи почнале да ги модифицираат нивните гитари со магнети за пригушување на зуењето, особено на местото на кобилицата, со што настанала гитарата позната како Fat Strat. Ова било со намера да се произведе подлабок тон кој бил карактеристичен за потешките стилови на хард рок и хеви метал музиката. Популарноста на оваа модификација растела и Фендер, конечно почнал да произведува модели на кобилици со опција за пригушување на зуењето (HSS), означен и одделен од оригиналниот троен единствен калем со името “Fat Strat”, повикувајќи се на специфичниот звук што го предизвикувал овој пригушувач на зуењето, како и моделите со двојни пригушувачи (HH), познати како Double Fat Strat. Фендер исто така, почнал да произведува штитници Стратокастер, специјално дизајнирани за трупови на гитари насочени за HSH (пригушувач- единствен калем-пригушувач) и HHH (пригушувач-пригушувач-пригушувач) конфигурации за магнети.
Гитаристите се здобиле со губење на суштинскиот квалитет на Фендер гитарите, откако во 1965 година, CBS ја откупиле компанијата. Како последица на ова, Стратокастерите од доцните 60-ти со долга “CBS” глава и (од средината на 70те) моделите на вратови со 3 навртки (наместо конвенционалните со 4 навртки) со “Bullet” стабилизатор и “Micro Tilt” систем за подесување, испаднале од мода (иако некои нови модели со вратови со 4 навртки, го задржале “Micro Tilt” системот карактеристичен за вратовите со 3 навртки, како “Strat Plus”, flagship American Standard Stratocaster и “American Deluxe Stratocaster”). Меѓутоа, многу блуз артисти од доцните 60-ти, наскоро го прифатиле Стратокастерот како нивни главен инструмент, со што гитарата повторно станала популарна. Исто така, т.н. „пред- CBS“гитари, биле многу продавани и тоа многу скапо, поради огромната разлика во квалитетот, споредено дури и со пост-CBS моделите. Во денешно време, многу Стратокастери произведени од 1954 до 1958 година се продадени за повеќе од 175,000$. Многу од нив се наоѓаат во Јапонија, купени како парчиња од колекцијата “Americana”. По врвот во 1970те, поради користењето на гитарите од неколку попознати гитаристи, на почетокот на 1980те, повторно се појавило затишје. За тоа време, CBS-Fender ги смалува трошоците со бришење на одлики од стандардната Стратокастер линија, покрај обновувањето на блузот кој се состоел од “Strat” гитаристи како Ерик Клептон, Стиви Реј Вон, Роберт Греј и Бади Гај кој го избрале Стратокастерот како примарна блуз гитара. Ингви Малмстин е познат по тоа што свири на Стратокастер во Нео-класичен стил.
Во раните 1980-ти, Фендер почнал да произведува пократки гитари, наменети за луѓе кои сакале да платат помалку пари отколку што чини стандарден “Fender Mexican Standard Stratocaster”. Squier Stratocasters, биле оригинално произведени во Мексико но, откако била основана “Fender Japan”, производството било префрлено во Јапонија. Гитарите биле градени со пократки магнети, штитници со една навртка, пократки штимери и многу често имале недостатоци во бојата и оштетувања на трупот. “Fender Japan” произведувал поевтини "Squier (by Fender)" гитари за европските и американските пазари.
Кога компанијата Fender била откупена од CBS од страна на Бил Шулц во 1985 година, производсвото повторно се здобило со претходниот квалитет и „Фендер“ успеал да ја поврат репутацијата на пазаарот на акции и репутацијата на брендот. Ова било искра во порастот на популарноста на старомодните ( во старомоден стил) инструменти. Ден Смит, со помош на Џон Пејџ, продолжиле да работат на повторно производство на најпопуларните гитари од ерата на Лео Фендер. Тие решиле повторно да произведат и да пуштат во продажба два старомодни Стратокастер модели, моделот со јаворов гриф од 1957 година и моделот со палисандров гриф од 1962 година, заедно со Телекастерот со јаворов гриф од 1952 година, “Precision Bass” гитари со јаворов грив од 1957 година и палисандров гриф од 1962 година, како и Џез бас гитарата со палисандров гриф и копчиња од 1962 година. Ова било многу важен проект и критичен за опстанокот на компанијата. Овие први неколку години (1982-1984) на повторно производство, познато како “American Vintage Reissues”, во денешно време се најскапи делови од колекциите на колекционерите и се сметаат за едни од најдобрите модели од серијата “Fender Fullerton” кои престанале да се произведуваат во 1984 година. Во 1985 година, американското производство на Фендер на постари модели, завршило со нова фабрика во Корона, 20 милји од Фулертон. Овие три гитари формираат важен дел од американското производство на серии од постарите модели од 10 јуни 1998 година.
Mexican Standard Stratocaster со јаворов врат од 2004 година, до Vox засилувач Од 2007 година, Фендер нуди широк избор на Стратокастери заедно со реиздавање на стари модели, исто така одржува т.н. “Custom Shop” сервис кој произведува гитари по порачка. Оние кои сакаат прецизни временски копии, може да нарачаат Стратокастери со оригинални жици прекриени со ткаенина, магнет и електронски дизајни, шеми за форма на дрвените дупки, па дури и вештачко стареење и оксидирање на компонентите користејќи го т.н. relic процес од Custom Shop.
“American Deluxe Series Stratocasters” биле со многубројни опции, како што е “Fender DH- 1” пригушувачот на зуење позициониран во кобилицата и американската випрато кобилица за заклучување со 2 точки (Fender/Floyd Rose assembly) со препрека од моделот (LSR Roller Nut)на некои модели и “Samarium Cobalt Noiseless” магнети со S-1 менување. Гитарите произведени пред 2004 година имале старомодни безгласни магнети и врат со 4 навртки. Контурата на коленото на гитарата било воведено во 2002 година. “American Deluxe Stratocaster HSS” (познат и како “American Deluxe Fat Strat”) е истата гитара, освен што има додаток “Fender DH-1” пригушувач позициониран во кобилицата и два “Hot SCN” магнети за нормален баланс со магнетот за пригушување на зуењето. “American Deluxe Strat HSS LT” има исти спецификации со “Stratocaster HSS” , со додатна особина; жиците се заклучуваат во кобилицата, LSR препрека и штимери на заклучување. Произведен првпат во 1998 година и надограден во 2004 година, “American Deluxe Strat HSS LT” прекинал да се произведува во 2007 година. Американските серии на Стратокастер се произведени со трупови од јасен или јасика, заоблени краеви на грифовите, три стандардни „модерни“ разнишани калеми со една навртка и Delta Tone системот (кој вклучува магнет на кобилицата со висок излез и обратно навртен калем со една навртка во средната позиција). “Hardtail” (цврстоопашестите) верзии прекинале да се произведуваат во 2007 година. Ново за 2003 година, бил “American Strat HSS” кој содржи кобилица со пригушувач на зуењето во форма на дијамант, два Tex-Mex единечни калеми (врат/средина) и S-1 менување. Моделот “HH” со дупли бочни “Black Cobra” пригушувачи, бил на продажба до 2007 година. Од 2008 година, сите модели на “American Standard Stratocasters” оделе со редизајнирана кобилица со свиткани, челични подлоги во старомоден стил. Фендер во 2009 година понудил “Limited Edition American Standard Stratocaster” со глава што одговара и гриф од палисандрово дрво со 22 џамбо стапала и меламинска препрека (достапни во “Surf Green”, “Fiesta Red” и “Daphne Blue”).
Сериите Highway-1,кои оригинално започнале да се произведуваат во 2002 година и билередизајнирани во 2006 година, имаат концепт на премостување на разликите на цените помеѓу стандардните и американските серии на инструменти, а исто така нуделе и достапно „преиздание“, што значи да личат на стратокастерите од 60те и 70те. Инструментите се направени во САД и вклучуваат комбиниран хардвер; штимерите и жиците се слични со оние на инструментитеод американските серии, додека пак, кобилицата е слична со оние на стандардните серии. Најголема разлика со кој било друг масовно произведуван стратокастер е крајот на телото кој е тенок и мазен, од нитроцелулоза, за разлика од дебелиот крај прекриен со полиуретан икористен и кај американските и кај стандардните серии на модели. Прекривањето со нитроцелулоза обезбедува многу застарен изглед, бидејќи нитроцелулозата се користела за лакирање на старите модели на стратокастери. “Highway 1” стратокастерите користат понови Alnico III магнетни прачки слични на оние кај американските серии на гитари, што му даваат многу чист звук на стратокастерот, за разлика од оние поевтините „керамички“ прачки, а исто така содржат и копче за волумен наречено Greasebucket, прво видено кај “Custom Pro” сериите на гитари; функционално слично со традиционалнота контрола на волуменот, кја обезбедува поприродно движење на високите честоти, без честотите на басот што настанува кај стандардните копчињата за волумен. Првите две години, инструментите “Highway 1” наликувале на инструментите од ерата пред CBS со традиционалниот дизајн на главата, мали стапала и застарен избор на боја. На почетокот на 2006 година, серијата била редизајнирана да наликува на инструментите од ерата на 70те, со голема глава, поголеми стапала, бои од ерата на CBS и други визуелни додатоци. Американските специјални серии, нови за 2010 година, пројавуваат многу од особините на “Highway 1” и американските стандардни серии на гитари. Овие особини вклучуваат цврст застарен труп, прелиен со сјаен уретан, вратови со полупречник од 9,5 инчи со 22 џамбо стапала, CBS широка глава со црни Фендер налепници три специјални Тексас магнети со менувач од 5 дела и копчето за волумен на Фендер “Greasebucket”. “HSS” моделите содржат гриф од палисандрово дрво, црн штитник со 3 навртки и автоматски пригушувачки магнет во позицијата на кобилицата. Застарените Hot-Rod серии имаат застарен изглед и модерна изводливост во свирењето, споени заедно во овие нови нивоа на гитари, кои имаат карактеристични автентични дизајни од 50те и почетокот на 60те, во склоп со некои модификации на стабилизаторот, вклучувајќи и помазен гриф и пошироки стапала за се зголеми изводливоста на свирењето на вратот и модерните магнети. Специјалните американски серии, вклучуваат и стратокастери кои имаат разлики во кобилицата, помеѓу стандардните и модерните технологии, како во спецификациите, така и во дизајнот. Специјалните американски серии на Фендер моделите биле произведувани во Корона, Калифорнија (САД). Floyd Rose Classic Stratocasters, (произведувани од 1992 до 2003 година) содржеле оригинална Floyd Rose тремоло кобилица за заклучување. Тие се произведувале во HSS (“Fender DH-1” пригушувачи и два “Delta Tone” единечни калеми) и HH (двојни “Fender DH-1” пригушувачи) конфигурации. Моделите произведувани пред 1998 година, имале DiMarzio PAF Pro пригушувачки магнети. Сериите исто така вклучувале и Strat-O-Sonic гитари со хондурски, махагонов труп, со избор помеѓу магнетите со единичен калем Black Dove P-90 и Atomic II пригушувачките магнети, што траело до 2007 година. VG Stratocaster (дизајниран од Фендер и јапонскиот гигант за синтисајзери Роланд) е американска серија виртуелно моделирани гитари со “Roland VG” магнет и и две екстра копчиња за штимање и контрола. Штимерот, на гитаристот му овозможува менување низ стандардните G-дур, D-дур и D-мол, баритон и штимање на дванаесет жици. Копчето за контролирање на стилот, му овозможува на гитаристот да избира помеѓу магнетни пригушувачи за Стратокастер, Телекастер и звуци на акустична гитара. “VG Stratocaster” бил пуштен во продажба во 2007 година, кога на шоуто “NAMM” ја добил наградата “Best In Show” и бил одобрен од експертот за гитари Грег Кох. Од 1 април 2009 година, овој модел не се произведува повеќе. Сериите Road Worn, содржат Стратокастер од 60те (со палисандров гриф) и Стратокастер од 50те (со јаворов гриф), “Tex-Mex” магнети, врат со C-облик, труп од јасика, нитроцелулозен лак и 6105 стапала. Овие гитари намерно имаат стар изглед, за да се добие “road worn” изгледот на старомодните стратокастери.
Фендер исто така е снабден со модели со потписи, секој со спецификации слични на оние кои ги користат познатите изведувачи. Обичните гитари за артисти се модели од “Custom Shop” серијата, од линијата за артисти која што значајно се разликува од стандардните модели, икако во квалитет, така и во конструкција, со што овие модели се многу поскапи. Исто како и другите “Custom Shop” модели, така и “Custom Artist” моделите на гитари се достапни и тимски направени и мајсторски направени, од кои некои се копии на гитарите кои ги користат познатите гитаристи и се попознати како “Tribute” серии (при што постојат многу начини за тие да станат „веродостојни“, како Closet Classic, New Old Stock, “Relic” и “Super Relic третмани, во зависност од моделот). Изведувачи кои имаат модели со свои потписи ги вклучуваат: Џеф Бек: труп од избрано дрво од јасика, јаворов врат во форма на буквата C, колено на вратот со контури, гриф од палисандрово дрво со 22 средни-џамбо стапала, три магнети со двојни калеми кои се керамички, застарени во изгледот и безгласни, со 5 позиции, LSR Roller препрека, Schaller штимери и американска тремоло рачка со две синхронизирани точки и подлога од нер`ѓосувачки челик. Може да се најде во “Olympic White” и “Surf Green” (“Artist Series”, “Custom Artist”), како и “Custom Thinskin Nitro” верзијата премачкана со "Thinskin" (тенок) слој на нитроцелулозен лак.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.