колумбиски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Фернандо Гавирија Рендон (шпански: Fernando Gaviria Rendon; р. 19 август 1994 ) — колумбиски професионален велодромски и друмски велосипедист, кое добро познат како спринтер, а вози за UCI World Tour екипата ОАЕ Тим Емирати.[2]
Гавирија на Минстерланд Џиро 2018 | |||||||||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Фернандо Гавирија Рендон | ||||||||||||||||||||
Роден | 19 август 1994 Ла Сеја, Колумбија | ||||||||||||||||||||
Висина | 1,80 м[1] | ||||||||||||||||||||
Маса | 71 кг[1] | ||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | |||||||||||||||||||||
Мом. клуб | ОАЕ Тим Емирати | ||||||||||||||||||||
Дисциплина | друмски и велодромски велосипедизам | ||||||||||||||||||||
Улога | возач | ||||||||||||||||||||
Вид на возач | спринтер | ||||||||||||||||||||
Аматерски клубови | |||||||||||||||||||||
2013–2015 | Колдепортес-Кларо | ||||||||||||||||||||
Професионални клубови | |||||||||||||||||||||
→ 2015 2016-2018 2019- | Етикс-Квик Степ (стажант) Етикс-Квик Степ ОАЕ Тим Емирати | ||||||||||||||||||||
Значајни победи | |||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||
Последна промена 26 септември 2020 |
Тој е познат како спринтер. Возејќи за колумбиската екипа, Гавирија го привлекол меѓународното внимание на Тур де Сан Луис 2015, каде го поразил поранешниот светски првак Марк Кевендиш во две спринтерски завршници. Негови први победи на некоја голема трка се случиле на Џиро д’Италија 2017. Тој е брат на велодромскиот велосипедист Хулијана Гавирија.[3]
Пред друмската кариера, Гавирија ги освоил трките во омниум и медисон на Светското велодромско јуниорско првенство 2012.[4][5] Во 2014 година ја освоил друмската трка на Панамериканското првенство под 23 години.[6][7] Исто така, настапил на Тур де л’Авенир 2014. Иако не освоил етапа, победил во масовниот спринт зад бегството на првата етапа[8] и ја завршил трката втор во бодовниот пласман.[9][10] Подоцна, истата година, победил на трка омниум во Лондон, како дел од Светскиот велодромски куп.[11]
Прв поголем успех во друмскиот велосипедизам за Гавирија бил двете победи на Тур де Сан Луис 2015, една од поголемите трки на почетокот на сезоната. Освоил изненадувачка победа на првата етапа на трката, поведувајќи го својот спринт рано и поразувајќи го светскиот првак Марк Кевендиш од екипата Етикс-Квик Степ. Кевендиш по трката изјавил дека не слушнал за Гавирија пред трката.[12] Потоа, Гавирија ја освоил и третата етапа на трката, повторно победувајќи го Кевендиш.[13] На крајот, Кевендиш ја освоил завршната етапа, додека Гавирија завршил втор.[14]
По овие победи, имало извештаи дека неколку екипи го побарале Гавирија, вклучувајќи го Аг2р-Ла Мондијал, иако изјавил дека во сезоната 2015 ќе вози за колумбиската национална екипа.[15] ПОдоцна, извештаите навеле дека негова екипа за 2016 година најверојатно ќе биде истата екипа како на Кевендиш, Етикс-Квик Степ.[10] Исто така, било откриено дека Гавирија бил препорачен во 2014 година на Патрик Лефевр, менаџерот на Етикс-Квик Степ, но екипата одбила да потпише со него. По успехот на Гавирија на Тур де Сан Луис, Лефевр ова го нарекол „грешка“.[16] Во февруари 2015 година, Лефевр објавил дека Гавирија ќе помине тестови со Етикс-Квик Степ по Светското велодромско првенство, понатамошен чекор за договор во 2016. Лефевр исто така изјавил дека договорот не го спречува Гавирија да настапи на Летните олимписки игри 2016.[17] По овие тестови, Гавирија потпишал договор за 2016 со Етикс-Квик Степ, заедно со сонародникот Родриго Контрерас. Плановите на Гавирија да вози на Олимписките игри 2016 биле потврдени од Лефевр; исто така навел дека Гавирија можел да вози како стажант за екипата во текот на 2015 година.[18]
Во февруари 2015 година, Гавирија настапил за Колумбија на Светското велодромско првенство во омниум. Иако не освоил ниедна од шесте трки, сепак бил постојан. Во завршната бодовна трка, успеал да избие напред во првиот круг; подоцна успеал да го држи најблискиот соперник, Елија Вивијани, и да ја обезбеди крајната победа за освојување на виножито-маичката.[19][20]
Гавирија го имал своето деби за Етикс-КвикСтеп како стажант во август 2015 година на РајдЛондон-Класик Сари 2015.[21] Завршил осми, највисок пласман во екипата.[22] Негова следна трка за екипата била Трката околу Чешка, каде Етикс-Квик Степ ја освоиле првата етапа, екипен хронометар.[23] Следниот ден, Гавирија ја освоил својата прва поединечна етапна победа за екипата, победувајќи во помал масовен спринт.[24] По оваа трка, следела Трката околу Британија, каде Гавирија успеал да освои една етапна победа пред неколку спринтери како Андре Грајпел и Елија Вивијани.
Сезоната 2016 ја започнал силно како и претходната сезона. Го освоил екипниот хронометар со екипата и уште една етапа на Тур де Сан Луис. Подоцна, паднал на трката со што бил спречен од уште една победа. Во февруари, освоил етапа и бодовен пласман на новата трка Тур Ла Прованс. Во почетокот на март станал првиот возач кој освоил два златни медали во омниум на Светското велодромско првенство со одбрана на титулата од претходната година.[25] Ја освоил третата етапа на Тирено-Адријатико, негова прва победа во Светската турнеја.[26]
Во 2017 година, бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2017 и ја освоил третата етапа од Тортоли до Каљари во спринтерска завршница, освојувајќи ја розовата маичка.[27] Подоцна ги освоил етапите 5, 12 и 13 во масовен спринт, што го направило прв Колумбиец со четири етапи на едно издание на Џиро д’Италија.[28] Во јули 2018 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2018.[29] Гавирија ја освоил првата етапа на Тур де Франс, започнувајќи го вториот ден во жолта маичка. Гавирија и другите спринтери како Андре Грајпел и Дилан Груневеген не успеале да ја завршат етапата 11, која била трета алпска етапа, во рамки на временската граница и биле елиминирани.[30] Гавирија ја скршил клучната коска на Трката околу Турција и морал да ја напушти трката, завршувајќи ја сезоната 2018. Кратко потоа било објавено дека Гавирија ќе се приклучи на екипата ОАЕ Тим Емирати на тригодишен договор од сезоната 2019.[31] Во август 2019 година бил вклучен во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2019.[32]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.