From Wikipedia, the free encyclopedia
Во филмската теорија, жанр се однесува на методот на филмско категоризирање на сличностите на раскажувачките елементи од кои филмовите се направени. Повеќето од теориите за филмскиот жанр се позајмени од критиката на литературните жанрови. Жанрот во литературен контекст, има голема расправа за тоа како да се дефинира или категоризира. Покрај основната разлика кај жанрот помеѓу фиктивност и документарност, филмскиот жанр може да се категоризира на повеќе начини.
Фиктивните филмови најчесто се категоризирани според нивниот простор, тема, начин и формат [се бара извор]. Просторот е средината или околината каде приказната и дејството се случуваат. Темата се однесува на проблемите и настаните околу кои филмот се врти. Начинот е емоционалниот тон на филмот. Форматот се однесува на начинот на кој е снимен филмот (пр., анаморфски екран) или на видот на презентацијата (пр.: 35 мм, 16 мм или 8 мм). Друг начин на категоризирање на филмовите е самата публика. Некои филмски теоричари се караат околу тоа дека ниту форматот ниту публиката на се филмскиот жанр.
Филмските жанрови често се поделени на повеќе поджанрови, на пример најголемиот дел од филмот се случува во судница и дејството се врти околу нечие судење тогаш велиме дека филмот е правна драма. Исто така, жанровите можат да бидат така комбинирани за да се добијат таканаречени хирбидни жанрови како мешавината на научнофантастичност и хорор во филмскиот серијал Вонземјанин и Шин Годзила.
Се користат три основни типови при категоризација на филмови: опкружување, карактер и формат.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.