Фридрих Шилер
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фридрих Шилер (германски: Friedrich Schiller, Марбах, 10 ноември 1759 — Вајмар, 9 мај 1805) — германски поет и драмски писател. Во своите остварувања ги истакнувал достоинството, слободата и убавината и незадоволството од тиранијата. Автор е на драмите „Интрига и љубов“, „Разбојници“, „Дон Карлос“ и „Јованка Орлеанка“. Од поетските дела, најмногу е познат по „Ода на радоста“.