Фудбалска лига на Англија Еден
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фудбалска лига на Англија Еден или позната само како Лига Еден (поради спонзорски причини уште се нарекува и Скај Бет Лига Еден) е втора највисока дивизија во Фудбалската лига на Англија, после Чемпионшип, и третото ниво севкупно во англискиот лигашки фудбалски систем, после Премиер лигата и Чемпионшип.
![]() | |
Земја | ![]() |
---|---|
Конфедерација | УЕФА |
Основана | 2004 1992–2004 (Втора Дивизија) 1958–1992 (Трета Дивизија) 1921–1958 (Трета Дивизија Север/Југ) 1920–1921 (Трета Дивизија) |
Број на клубови | 24 |
Нивоа на пирамида | 3 |
Промоција во | Чемпионшип (второ ниво) |
Испаѓање во | Лига Два (четврто ниво) |
Домашен куп | ФА Куп |
Тековен првак | ![]() (2020-2021) |
Најмногу титули | ![]() (3 титули) |
ТВ партнери | Скај Спортс |
Мрежно место | efl.com/sky-bet-league-one/ |
![]() |
Првото издание на Лига Еден било во сезоната 2004–2005. Претходно лигата била позната накратко како Втора дивизија на фудбалската лига на Англија и многу подолго, пред формирањето на Премиер лигата, како Трета дивизија на фудбалската лига на Англија.
Лигата содржи 24 клубови кои играат помеѓу себе двапати. Првите два клуба на крајот од сезоната, заедно со победникот на плејофот, добиваат промоција во Чемпионшип, додека последните четири клуба на табелата испаѓаат во Лига Два. Последен шампион на лигата е Виган Атлетик, кој бил победник во сезоната 2021-2022.