Фудбалска репрезентација на Финска
From Wikipedia, the free encyclopedia
Финската фудбалска репрезентација (фински: Suomen jalkapallomaajoukkue, шведски: Finlands fotbollslandslag) ја претставува Финска на меѓународните фудбалски натпревари и е под контрола на Фудбалската асоцијација на Финска.
Иако финската репрезентација никогаш не се квалификувала на финалниот турнир на Светското првенство или на Европското првенство, и покрај нејзината долга историја, нордиската нација постигнала извонреден напредок во 2000-тите, достигнувајќи го врвот, на 30-тото место на рангот на Ело. Под раководство на тренерот Рој Хоџсон тие постигнале забележителни резултати против многу поетаблирани европски тимови. По неколкуте години со лоши резултати, тие паднале на ранг-списокот на ФИФА на 110-то место, што е најниско во нивната историја. Меѓутоа, во есента 2017 година, Финска започнала да се искачува на рангирањето на ФИФА, а од Септември 2018 година, го зазема 58-то место.