Функција (математика)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Функција е математички поим кој ја одразува врската меѓу елементите од различни множества. Поточно, тоа е „закон“ според кој секој елемент на едно множество (домен на функцијата) може да се стави во соодветство со некој елемент од друго множество (кодомен на функцијата).
Математичкиот поим функција ја изразува интуитивната претстава за тоа како една величина во целост го определува значењето на друга величина. Така значењето на променливата еднозначно го определува значењето на изразот , а значењето на еден месец еднозначно го определува значењето на месецот кој следува, исто како што секој човек може да се поврзе со друг човек — неговиот татко.
Обично се разгледуваат бројни функции кои ставаат едни броеви во соодветство со други. Ваквите функции поседуваат низа на карактеристични својства и добро се претставуваат со цртежи во вид на графици.