![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/8/88/Peace_symbol_%2528fixed_width%2529.svg/langmk-640px-Peace_symbol_%2528fixed_width%2529.svg.png&w=640&q=50)
Хипи-движење
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хипи супкултурата првично било младинско движење кое започнало во САД во текот на средината на 1960-тите години и брзо се проширило во другите земји околу светот. Етимологијата на изразот „хипи“ е од зборот hipster (панталони на колк) и се користело да ги опише битниците кои дошле во селото Гринвич, околината на градот Њујорк и во областа Хеит Ешбери во Сан Франциско.[1][2][3] Раната хипи-идеологија ги вклучувала контракултурните вредности на бит-генерацијата. Некои создале свои сопствени општествени групи и заедници, слушале психоделичен рок, ја прифатиле сексуалната револуција и користеле дроги како што е марихуаната и ЛСД, со цел да ги проучат алтернативните состојби на свеста.
![]() | Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/8/88/Peace_symbol_%28fixed_width%29.svg/220px-Peace_symbol_%28fixed_width%29.svg.png)
Во јануари 1967 година, настанот Human Be-In (Човеково битисување) во паркот Голден Гејт во Сан Франциско ја популаризира хипи-културата, водејќи кон легендарниот настан Лето на Љубовта на западниот брег од Соединетите Држави и кон фестивалот „Вудсток“ на источниот брег во 1969 година. Хипиците во Мексико, познати како хипитекас, ја формираа Ла онда чикана и се собираа кај Авандаро, додека во Нов Зеланд номадските хаустракери (групи кои ги претворале старите камиони и автобуси во подвижни домови за живеење) практикувале алтернативен животен стил и промовирале одржлива енергија во Намбаса. Во Обединетото Кралство, мобилните „мировни конвои“ на патниците од новото доба правее летни аџилаци на бесплатните музички фестивали во Стоунхенџ.[4] Во Австралија, хипиците се собраа во Нимбин за фестивалот Аквариус (водолија) во 1973 година и годишното рели за реформи во законот за канабисот (марихуана) во МардиГрас. Во Чиле беше одржан фестивалот „Пиедра Роха“ во 1970 година и тој беше главниот хипи настан во таа земја.[5]
Хипи модата и вредности имаа големо влијание врз културата, поп-музиката, телевизијата, филмот, литературата и уметноста. Од појавата на широко распространетото движење во 1960-тите години, многу аспекти на хипи културата беа асимилирани во доминантната струја на општеството. Религиозната и културна разнообразност што ја поддржуваа хипиците беше широко прифатена, а источната филозофија и духовниот концепт привлекоа голема публика. Завештанието на хипиците може да се гледа во современата култура во мноштво од форми - од здрава храна до музички фестивали, до современи сексуални обичаи (норми на однесување), па дури и до револуцијата во киберпросторот.[6]