Хобит (роман)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хобитот,или Таму и пак назад, подобро познат по насловот Хобитот, е фантастична новела и детска книга од англискиот писател Џ.Р.Р.Толкен. Беше издаден на 21 септември 1937 и притоа доби позитивни критики,номинирајќи се за Carnegie Medal и доби награда од New York Herald Tribune за најдобра детска новела. Книгата останува популарна и модел за класика во детската литература.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Корицата на првото американско издание од 1938 | |
Автор | Џ.Р.Р. Толкин |
---|---|
Изворен наслов | The Hobbit, or, There and Back Again |
Изработувач на корицата | Џ.Р.Р. Толкин |
Земја | Обединето Кралство |
Јазик | англиски |
Жанр | фантастика, детска литература |
Издавач | George Allen & Unwin (Велика Британија) и Houghton Mifflin Co. (САД) |
Издадена | 1937 |
Претходна | The Silmarillion |
Следна | Господарот на прстените |
Заглавен во времето на "Помеѓу утрото од самовилата и Власта на луѓето”,[1] Хобитот ни ја претставува авантурата на хобитот Билбо Багинс во која би добил дел од богатството кое што е чувано од змејот,Смог.Авантурата на Билбо го носи од веселата, рурална околина во многу злобна територија.[2] Приказната е раскажана во форма на авантуристички епизоди, и голем дел од поглавјата ни прикажуваат специфични карактери,или вид на суштества ,од Толкеновата бујна фантазија.Со прифаќањето на романтичната,авантуристичката и храбрата страна на неговата природа и притоа додавајќи му го здравиот разум, Билбо добива ново ниво на зрелост, способност и мудрост.[3] Приказната го достигнува кулминација во делот Војната на петте армии, каде многу од карактерите и суштествата од претходните поглавија повторно се сретнуваат и се вклучуваат во конфликт.
Сопствениот развој и хероизмот се централни теми на приказната. Заедно со мотивите на војување, овие теми го поттикнааа Толкен да направи критички осврт на неговото искуство во Прва светска војна,и да го искористи како инструмент во моделирањето на приказната. Авторовото научното знаење на Германскa филологија и интересот за бајките често се забележани како влијание врз неговото творештво.
Охрабрен од критичкиот и финансискиот успех на книгата, издавачот побара продолжение. Со напредокот на Толкиеневата работа на наследникот Господарот на прстените, тој направи негово ретроспективно сместување во Хобитот. Овие малку, но значањи промени беа сместени во второто издание. Понатамошните изданија биле проследени со одредени промени, влучувајќи ги и промените кои се рефлектираат врз концептот на Толкен.Работата на Толкен никогаш не била надвор од печатот. Неговато актуелно наследство опфаќа многу адаптирање за на сцената, радио, игри со табла и видео игри. Неколку од неговите адаптации добиле признание за сопствените заслуги.