Црвен крст и Црвена полумесечина
меѓународна хуманитарна организација / From Wikipedia, the free encyclopedia
Меѓународен Црвен крст и Црвена полумесечина — меѓународно хуманитарно движење со околу 97 милиони доброволци ширум светот, чија мисија е да го штитат човечкиот живот и здравје, да обезбедат почитување на човекот, и да го оневозможат или олеснат човечкото страдање, без каква било дискриминација заснована на националност, раса, религија, класна припадност и политичко мислење.
Црвениот крст и Црвената полумесечина распнати на платна | |
Кратенка | МКЦК |
---|---|
Гесло | Помош во војна (лат. Inter arma caritas) |
Основана | 22 август 1864 |
Цел | Заштитата на животот и достоинството на жртвите на вооружени конфликти |
Седиште | Женева, Швајцарија |
Буџет | 970 милиони Швајцарски франци во 2005. |
Мреж. место | http://www.icrc.org |
Амблем на Федерацијата | |
Гесло | Го штитиме човечкото достоинство |
---|---|
Основана | 1919. |
Цел | Помош во ситуации кои не се предизвикани од војна. |
Седиште | Женева, Швајцарија |
Главно тело | Генерално собрание |
Мреж. место | http://www.ifrc.org |
Често слушаниот израз „Меѓународен Црвен крст“ всушност е погрешен, бидејќи не постои таква организација. Во стварност, Движењето се состои од неколку одделни организации кои се правно независни, но се обединети во Движењето преку заеднички основни принципи, цели, симболи, статути и органи на управување. Деловите на Движењето се:
- Меѓународниот Комитет на Црвениот крст (МКЦК), приватна хуманитарна установа основана во 1863 во Женева, Швајцарија. 25-члениот Комитет, според меѓународните хуманитарни закони, има уникатно право да го штити животот и достоинството на жртвите од меѓународни и граѓански вооружени конфликти.
- Меѓународната Федерација на здруженијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина, основана во 1919 и која денес ги координира активностите меѓу 186 национални здруженија. Секретаријатот на Федерацијата е со седиште во Женева, Швајцарија. Федерацијата ги предводи и огранизира, во тесна соработка со националните здруженија, мисиите за помош во случаи на големи непогоди.
Национални здруженија на Црвениот крст и Црвената полумесечина постојат во речиси сите земји во светот. Во моментов, 186 национални здруженија се признаени од МКЦК и се примени како полноправни членови на Федерацијата. Секоја членка работи во својата земја според принципите на меѓународното хуманитарно право и статутите на меѓународното движење. Зависно од нивните конкретни околности и можности, националните здруженија можат да преземат дополнителни хуманитарни активности кои не се директно дефинирани со меѓународното хуманитарно право или со одредбите на меѓународното движење.